Достапни линкови

Трамп за коронавирусот: ќе биде полошо пред да биде подобро


Претседателот на САД Доналд Трамп, на неговиот прв брифинг во Белата куќа за пандемијата од април, Вашингтон, 21.07.2020.

Претседателот на САД Доналд Трамп, на неговиот прв брифинг во Белата куќа за пандемијата од април, предупреди дека во Соединетите држави пандемијата на коронавирус ќе се влоши, пред да започнат работите да се подобруваат. „Веројатно за жал ситуацијата ќе се влоши пред да се подобри“, рече Трамп. Но, тој, исто така, го оцени напредокот на вакцините и третманите и ги охрабри Американците да носат маски.Тоа е голем пресврт во ставот на претседателот кој со месеци се спротивставуваше на носење маски и одби да ги промовира. „Без разлика дали ви се допаѓа маската или не, тие имаат влијание“, рече тој.

Трамп - Луѓето треба сами да изберат дали ќе носат маски

Здравствените експерти велат дека без ефикасен третман, маските за лице се една од ретките достапни што можат да помогнат во борбата против ширењето на вирусот. За само 24 часа во САД починаа од ковид-19 над 1.000 луѓе што е највисок степен на смртност за месец јули и за прв пат од 10 јуни земјата надмина 1.000 смртни случаи во еден ден.

XS
SM
MD
LG