Загинати на украинските боишта
Среде оптимистичките вести за напредокот на украинските сили на бојното поле, доаѓаат мрачни откритија на поранешните боишта во регионот Харкив.

1
Оваа фотографија, на која се прикажани припадници на украинската национална гарда како го извлекуваат телото на војник во регионот Харкив, е една од неколкуте направени на 17 и 19 септември од фоторепортерот на АП, Лео Кореа.
Фотографот се приклучи на ризичната мисија за враќање на посмртните останки на украинските борци од поранешните боишта кои неодамна беа повторно преземени од украинските сили.

2
Чад се крева во далечината додека Националната гарда гледа за време на операцијата за извлекување загинати Украинци.
Мисијата се одржа во неодредена област во регионот Харкив, во близина на границата со Русија.

3
Украински војници го испитуваат телото на колега украински војник -- очигледно убиен неколку дена претходно.
Во почетокот на септември, Киев повторно зазеде огромен дел од територијата од руските сили во североисточна Украина, запленувајќи напуштена руска опрема. Руското Министерство за одбрана тврди дека ги повлекува трупите од североисточна Украина за да ги прераспореди на друго место.

4
Пробиен шлем на местото каде што на 19 септември беа пронајдени телата на четворица украински војници.
Сликите на славење ги преплавија социјалните мрежи додека размерите на неодамнешниот напредок на Украина станаа појасни. Спротивно на тоа, овие фотографии ја покажуваат континуираната човечка цена на руската инвазија, дури и во услови на големи воени победи.