Руските сили во Украина се обидуваат да го заземат источниот град Соледар во постојана офанзива која киевското Министерство за одбрана ја опиша како „манијакална“. На 10 јануари, шефот на платеничката група „Вагнер“, чии војници се смета дека ја предводат офанзивата „Соледар“, Евгениј Пригожин, тврдеше дека го зазеле речиси целиот град, но рече дека сè уште има жестоки борби во центарот на градот. Украина вели дека нивните војници се уште се борат во Соледар.
Заземањето на Соледар и неговите рудници за сол би имало симболична, воена и комерцијална вредност за Русија и би била најзначајната добивка на Москва во бојното поле во последните неколку месеци откако претрпе серија неуспеси. Се проценува дека таму има 200 километри рударски тунели.
In 2019, RFE/RL's Amos Chapple visited Soledar as the salt-mining operation was hoping to crack Western markets after Russia blocked its imports.
(Originally published on June 15, 2019.)