Настаните на денот низ фотографии - 1 декември 2021
Домашна политика и европски милијарди

1
ЕУ / МАКЕДОНИЈА - Европската комисија денеска ја објави новата европска инвестициска стратегија Глобал гетвеј, која ќе финансира проекти од областа на зелената и дигиталната транзиција, енергетската и транспортната инфраструктура, како и зајакнување на областите - здравство, образование и истражување. Планирано е Глобал Гејтвеј до 2027 година да мобилизира до 300 милијарди евра за европски инвестиции во светот.

2
МАКЕДОНИЈА - Можеме да ви кажеме дека имаме напредок, следуваат консултации од нашите партии, изјави кусо лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, по денешните разговори во Клубот на пратеници со премиерот Зоран Заев, за евентуалното приклучување на оваа партија во владата.

3
СРБИЈА - На седницата на Кризниот штаб на Србија, одлучено е годинашниот зимски распуст за учениците да почне на 31 декември и да трае до 24 јануари, како што беше претходно планирано. Паралелно, Србија ги заостри мерките за влез во земјата за патници од Африка пороади ковид-сојот омикрон.

4
БЕЛГИЈА / РУСИЈА - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја предупреди Русија да не користи сила против соседна Украина и изјави за Ројтерс дека Москва знае дека ќе плати висока цена преку санкции и други чекори на Западот за каква било агресија.