Настаните на денот низ фотографии - 24 септември 2021
Од Ердоган до Бајден, од Лајен до Заев

1
ИНДИЈА - Индиските власти истражуваат случај во кој 15-годишно девојче постојано било силувано во период од околу девет месеци, објавија локалните медиуми, пренесе Би-Би-Си. До сега се уапсени 28 лица.

2
МАКЕДОНИЈА - Вицепремиерот за европски интеграции Никола Димитров денеска одговарајќи на новинарски прашања поврзани со релациите Скопје-Софија рече: Голем проблем за напредок и во разговорите за историјата и во разговорите за другите теми е атмосферата на уцена.

3
МАКЕДОНИЈА - Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен следната недела во Скопје ќе разговара и за спорот со Бугарија, потврди портпаролот на ЕК Ерик Мамер.

4
СРБИЈА - Доколку Приштина сака разговори со Белград, прво треба да ги повлече единиците на Росо од северот на Косово, бидејќи Србија не преговара со пиштол вперен во челото, изјави српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин.