Настаните на денот низ фотографии - 20 септември 2021
Скопје виа Пјонгјанг

1
СЕВЕРНА КОРЕЈА - Северна Кореја со полна пареа напредува со својата нуклеарна програма, предупреди денеска генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. Тој денеска имаше годишен состанок со земјите-членки на агенцијата на ОН.

2
КАЗАХСТАН - Најмногу пет луѓе загинале во Казахстан, од кои двајца полицајци откако кон нив пукал човек кај кого дошле службениците со налог за иселување, соопшти полицијата. Настанот се случил во најголемиот град во Казахстан, Алмати.

3
МАКЕДОНИЈА - Државната изборна комисијата (ДИК) информираше дека се потврдени 303 листи за градоначалници и 567 за советници за претстојните локални избори закажани за 17 октомври.

4
САД - Соединетите Американски држави од ноември воведуваат нови правила за влез во државата за странци. Администрацијата на претседателот Џо Бајден ќе бара од сите странски државјани пред да пристигнат во САД да бидат вакцинирани.