Настаните на денот низ фотографии - 6 август 2021
Политика и солзи

5
КОСОВО - Собранието на Косово не ја поддржа резолуцијата со која се повикува косовската Влада да го спроведе вашингтонскиот Договор постигнат на 4 септември 2020 година во Белата куќа.

6
АВГАНИСТАН - Директорот на Авганистанскиот владин медиумски и информативен центр (ГМИЦ), Дава Кан Менапал е убиен во Кабул, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

7
МАКЕДОНИЈА - Премиерот Зоран Заев од 3 август користи годишен одмор, којшто ќе трае до 12 август. Од Владата наведуваат дека тој е во постојана телефонска и интернет координација со сите ресорни министерства и надлежни институции. Од Владата додаваат дека премиерот, министрите и сите надлежни се во постојана телефонска координација заради вонредната состојба со пожарите.

8
САД - Американската медиумска куќа Си-Ен-Ен отпушти тројца работници кои на работа доаѓале невакцинирани против коронавирусот, со што ја прекршиле политиката на компанијата.