Настаните на денот низ фотографии - 17 јуни 2021
Политичари и фудбалери

1
МАКЕДОНИЈА - Македонската фудбалска репрезентација загуби на натпреварот против Украина со 2:1, во раките на ЕП 2020. Голот за македонската репрезентација го даде Езѓан Алиоски во 55-тата минута од второто полувреме.

2
ХРВАТСКА - Пописот на населението во Хрватска почнува на 13 септември и ќе трае до 17 октомври. Пописот во Хрватска требаше да се одржи во април, но беше одложен поради коронавирусот. Граѓаните кои користат интернет на платформата е-граѓанин ќе можат сами да се наведат како и членовите на своето домаќинство.

3
ТУРЦИЈА - Претседателот Стево Пендаровски, денеска учествуваше на Самитот на шефови на држави и влади на земјите – учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што во рамките на турското претседавање се одржува во Анталија, Турција. Тој во своето обраќање, посочи дека во рамките на ПСЈИЕ, во изминатиов период се постигнати значајни резултати, како во политичката, така и во економската, безбедносната и социјалната сфера.

4
РУСИЈА - Московскиот суд денеска донесе пресуда со која ја осуди на 15 дена затвор членката на руската група Пуси Рајот, Ника Никулшка, под обвинение дека не почитувала полициски наредби. Никулшка беше осудена откако одбила да оди во полициска станица на распит.