Достапни линкови

Спасовски му го предаде премиерскиот кабинет на Заев


Зоран Заев и Оливер Спасовски на примопредавањето на премиерскиот кабинет и функција, 31 август 2020

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, утрово на Зоран Заев му ја предаде функцијата иден премиер. Спасовски на неговиот фејсбук профил објави дека на Заев му посакал успешен мандат и заедничка работа во интерес на државата.

Владата на Зоран Заев, по два дена дискусија, вчера беше изгласана со 62 гласа за и 51 против. По гласањето пратениците на опозицијата ја напуштија собраниската сала и не присуствуваат на давањето заклетва на министрите на новата Влада и на потпишувањето на свечените изјави.

„На денешното примопредавање на премиерската должност, на премиерот Зоран Заев му посакав успешен 4-годишен мандат на новата Влада, во којашто заедно ќе се заложиме да ги оствариме приоритетите за коишто ја добивме довербата од граѓаните: сигурна иднина, заштита на јавното здравје, нова развојна економија, правда, европски перспективи. Имав чест и голема одговорност да ја предводам Владата во специфичен период, во којшто заедно се согласивме дека преодната Влада успешно одговори на предизвиците. Продолжуваме да работиме заедно во новата Влада, на граѓанските интереси и за доброто на државата, секој од нас според доверените должности“, објави утрово Спасовски.

Тој повтори дека му било чест да ја предводи Владата во специфичен период, во кој, како што вели, неговиот кабинет успешно одговорил на предизвиците.

XS
SM
MD
LG