Достапни линкови

Мицкоски: Брзо формирање влада по убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прославата на победата на двојните избори во Северна Македонија на 8 мај, 2024.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прославата на победата на двојните избори во Северна Македонија на 8 мај, 2024.

По седум години, ВМРО-ДПМНЕ се враќа на власт во Северна Македонија. Според првичните резултати од ДИК, убедливата победа на партијата и донесе 59 пратеници во 120-члениот парламент. СДСМ падна на 18 пратеници што е за еден помалку и од ДУИ. Мицкоски веќе ги испрати во опозиција и најави разговори за влада со „Вреди“ која освои 13 мандати.

Еуфорично и со стиховите од песната „Бисер балкански“, Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ вечерва беа пречекани на говорницата во партиското седиште од каде ја прогласија убедливата победа на парламентарните избори во Северна Македонија на 8 мај.

„Успеавме“, „Историска победа на народот“, „Пад на владата во Македонија“ – ова беа дел од првите зборови на Христијан Мицкоски, кој извесно е дека ќе биде мандатар за формирање на новата Влада во Скопје.

„Уверен сум дека ќе ја формирале владата во најкус можен рок“, рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ речиси седум години беше во опозиција. Покрај победата на парламентарните, нивната кандидатка Гордана Сиљановска-Давкова убедливо го совлада и ривалот Стево Пендаровски во вториот круг од претседателските избори и ќе биде првата жена шеф на државата.

Според првичните резултати од Државната изборна комисија (ДИК), ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ со речиси 400.000 гласа, во идниот парламентарен состав ќе имаат 58 пратенички мандати. За да формира влада и да ја предводи државата, на една партија и е потребно мнозинство од 61 пратеник од вкупно 120 во македонското Собрание.

Меѓу првите честитки кои пристигнаа на нивна адреса беше и таа од унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој доаѓа од сестринската партија Фидес во Унгарија. Таму, инаку, во азил се наоѓа и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој избега од земјава за да избегне издржување на затворска казна.

Тежок пораз на СДСМ

СДСМ со еден од најтешките порази во својата историја заминува во опозиција со само 18 пратеници. Лидерот Димитар Ковачевски не поднесе оставка, но најави внатрепартиски избори и на претседател и на сите партиски органи.

Симулациите на ДИК покажуваат дека коалицискиот партнер на социјалдемократите, ДУИ ќе имаат еден мандат повеќе од СДСМ – 19, а обединетата албанска опозиција во коалицијата „Вреди“ (ВЛЕН) ќе има 13.

И покрај ваквите резултати во албанскиот блок, извесно е дека во опозиција заминува и ДУИ бидејќи и Мицкоски и лидерите на албанската опозиција ВРЕДИ најавија разговори за формирање на новата влада.

Затоа, покрај зурлите и тапаните и патриотските песни кои одекнуваа низ центарот на Скопје поради прославата на ВМРО-ДПМНЕ, огномети и славје имаше и пред седиштата на „Вреди“ во главниот град и во Тетово.

Во идниот парламентарен состав ќе влезат уште две политички опции. Левица и новоформираната ЗНАМ на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски ќе имаат по шест пратеници.

Мицкоски најави одговорност за корупцијата и добри економски вести

Во своето прво обраќање на изборната вечер, Мицкоски оцени дека корупцијата, неспособноста, местењето тендери, непотизмот се меѓу причините за падот на актуелната власт. Но, од друга страна и тоа што тие како ВМРО-ДПМНЕ настапиле со конкретна програма и добра понуда за граѓаните.

„Ќе одговараат до последниот, секој кој направил криминал и спровел корупција, мора да има одговорност која ќе се темели на правда и закон“, беше една од првите пораки на Мицкоски.

На идните функционери од неговата партија, пак, им порача да учат од грешките на досегашната власт и да не го потценуваат народот, но и најави во првите сто дена добри економски вести.

„Во напредна фаза сме и во разговори за силен инвестициски пакет кој ќе ја поттикне економијата. Но очекувајте уште во првите сто дена многу добри вести за граѓаните и македонската економија“, рече Мицкоски, но не кажа повеќе детали за што се работи.

Покрај со албанската коалиција „Вреди“, најави разговори и со останатите опозициски партии. Но, како што рече, тоа не значи дека сите ќе бидат дел од идната влада.

Лидерот на партијата Беса и градоначалник на Тетово, Билал Касами, кој е дел од коалицијата „Вреди“, пак, најави дека уште утре (9 мај) ќе ги започнат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски: Ќе се избира нов претседател и раководство на СДСМ

Додека еуфоријата кај ВМРО-ДПМНЕ, која прославата ја продолжи на централниот плоштад во Скопје, не спласна до утринските часови, кај СДСМ беше тивко.

„Денешниот резултат е разочарувачки. На СДСМ му е зададен тежок удар. Не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата“, рече лидерот на социјалдемократите, Димитар Ковачевски.

Потенцираше дека и тој и партиското раководство, но и сите функционери на СДСМ имаат одговорност за резултатот. Најави избор на нов лидер, но не кажа дали има амбиции да ја задржи позицијата.

„Согласно статутот на партијата ќе биде свикан отчетен конгрес на партијата на кој ќе се разгледаат причините за изборниот резултат и работењето на партијата за периодот од 2020-2024 година и ќе се одредат роковите за консолидирање на СДСМ преку избор на претседател, раководство, претседатели на ОИ, на сите органи“, рече Ковачевски.

На ВМРО-ДПМНЕ им честиташе на победата, но им порача и дека сега на нив како власт е да не ја пропуштат шансата за евроинтеграцијата на земјата.

„СДСМ ќе се однесува одговорно, но топката сега е во рацете на новата влада предводена од Христијан Мицкоски“, рече Ковачевски.

Ахмети со порака до ВМРО-ДПМНЕ

Додека ВМРО-ДПМНЕ во опозициските клупи со СДСМ ги испрати и ДУИ, лидерот на интегративците Али Ахмети испрати порака да се почитуваат гласовите од граѓаните. Во неговиот говор тој алудираше на непишаното правило „победник (од македонскиот) со победник (во албанскиот блок)“, кој самата ДУИ го прекрши по изборите во 2016 кога направи влада со СДСМ кој на тогашните избори имаше два пратеника помалку од ВМРО-ДПМНЕ.

„Реков дека треба стабилност и мир. На државата и треба добра комуникација меѓу заедниците, а не поделба меѓу заедниците. Треба да се почитуваат гласовите на мнозинската заедница во државата, за ова треба да сносиме одговорност сите“, рече Ахмети кога новинарите го прашаа каква опозиција би биле.

Гласање без проблеми: „Кој и да победи, нека има мир“
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00

Влада најдоцна до крајот на јуни

По денешните избори, идните пратеници треба да одржат конститутивна седница во рок од 20 дена или најдоцна до 28 мај.

Паралелно со тоа, треба да се случи и инаугурацијата на новата претседателка Гордана Сиљановска-Давкова со оглед дека мандатот на актуелниот шеф на државата истекува на 12 мај. За да се испочитуваат роковите, новата претседателка заклетвата ќе ја даде пред стариот собраниски состав.

А, откако ќе се конституира новото Собрание, Сиљановска-Давкова, како претседател ќе биде должна во рок од десет дена да го додели мандатот за состав на идната Влада на кандидатот на партијата односно партиите што имаат мнозинство во парламентот. Според резултатите од изборите, извесно е дека тоа ќе биде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Седми претседателски и 11 парламентарни избори во Северна Македонија

Право на глас имаат над 1,8 милиони граѓани. 
1/12 Право на глас имаат над 1,8 милиони граѓани. 
Граѓаните на Северна Македонија денеска (8 мај) гласаат на двојни избори – во втор круг од трката за претседател на државата и на парламентарни избори за нов состав на Собранието кој ќе треба да ја избере идната влада.
Шеф на државата со непосредно гласање се избира по седми пат, додека парламентарните избори се 11-ти по ред од 1990 година.
2/12 Шеф на државата со непосредно гласање се избира по седми пат, додека парламентарните избори се 11-ти по ред од 1990 година.
Граѓаните на Северна Македонија денеска (8 мај) гласаат на двојни избори – во втор круг од трката за претседател на државата и на парламентарни избори за нов состав на Собранието кој ќе треба да ја избере идната влада.
Денеска се гласа на над 3.400 избирачки места. 
3/12 Денеска се гласа на над 3.400 избирачки места. 
Граѓаните на Северна Македонија денеска (8 мај) гласаат на двојни избори – во втор круг од трката за претседател на државата и на парламентарни избори за нов состав на Собранието кој ќе треба да ја избере идната влада.
Право на глас на овие парламентарни избори имаат 1.815.350 граѓани, додека во вториот круг од претседателските избори, пак, во Избирачкиот список се запишани 1.814.317.
4/12 Право на глас на овие парламентарни избори имаат 1.815.350 граѓани, додека во вториот круг од претседателските избори, пак, во Избирачкиот список се запишани 1.814.317.
Граѓаните на Северна Македонија денеска (8 мај) гласаат на двојни избори – во втор круг од трката за претседател на државата и на парламентарни избори за нов состав на Собранието кој ќе треба да ја избере идната влада.
Изборите ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи
5/12 Изборите ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи
Граѓаните на Северна Македонија денеска (8 мај) гласаат на двојни избори – во втор круг од трката за претседател на државата и на парламентарни избори за нов состав на Собранието кој ќе треба да ја избере идната влада.
Во трката за шеф на државата гласачите се одлучуваат меѓу актуелниот претседател Стево Пендаровски и досегашната пратеничка и негова ривалка пред пет години, Гордана Сиљановска-Давкова. 
6/12 Во трката за шеф на државата гласачите се одлучуваат меѓу актуелниот претседател Стево Пендаровски и досегашната пратеничка и негова ривалка пред пет години, Гордана Сиљановска-Давкова. 
Граѓаните на Северна Македонија денеска (8 мај) гласаат на двојни избори – во втор круг од трката за претседател на државата и на парламентарни избори за нов состав на Собранието кој ќе треба да ја избере идната влада.
Иако во пресрет на изборите немаше многу јавни анкети, очекувањата се дека во идниот собраниски состав ќе влезат пратеници од најмалку шест политички опции.
7/12 Иако во пресрет на изборите немаше многу јавни анкети, очекувањата се дека во идниот собраниски состав ќе влезат пратеници од најмалку шест политички опции.
Граѓаните на Северна Македонија денеска (8 мај) гласаат на двојни избори – во втор круг од трката за претседател на државата и на парламентарни избори за нов состав на Собранието кој ќе треба да ја избере идната влада.
Специјалната мисија за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 410 набљудувачи, 14 експерти и 31 преведувач
8/12 Специјалната мисија за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 410 набљудувачи, 14 експерти и 31 преведувач
Граѓаните на Северна Македонија денеска (8 мај) гласаат на двојни избори – во втор круг од трката за претседател на државата и на парламентарни избори за нов состав на Собранието кој ќе треба да ја избере идната влада.
Најмногу акредитирани се домашни набљудувачи - 1078. Изборите ќе ги следат и 770 странски набљудувачи за чии потреби се ангажирани и 85 преведувачи. За известување од изборите, според податоците на Државната изборна комисија, акредитирани се 66 странски новинари.
9/12 Најмногу акредитирани се домашни набљудувачи - 1078. Изборите ќе ги следат и 770 странски набљудувачи за чии потреби се ангажирани и 85 преведувачи. За известување од изборите, според податоците на Државната изборна комисија, акредитирани се 66 странски новинари.
Граѓаните на Северна Македонија денеска (8 мај) гласаат на двојни избори – во втор круг од трката за претседател на државата и на парламентарни избори за нов состав на Собранието кој ќе треба да ја избере идната влада.
Повеќето од партиите и коалициите за овие избори имаат кандидатски листи во сите шест изборни единици.
10/12 Повеќето од партиите и коалициите за овие избори имаат кандидатски листи во сите шест изборни единици.
Граѓаните на Северна Македонија денеска (8 мај) гласаат на двојни избори – во втор круг од трката за претседател на државата и на парламентарни избори за нов состав на Собранието кој ќе треба да ја избере идната влада.
За парламентарни избори, Северна Македонија е поделена на шест изборни единици и од секоја од нив во Собранието влегуваат по 20 пратеници
11/12 За парламентарни избори, Северна Македонија е поделена на шест изборни единици и од секоја од нив во Собранието влегуваат по 20 пратеници
Граѓаните на Северна Македонија денеска (8 мај) гласаат на двојни избори – во втор круг од трката за претседател на државата и на парламентарни избори за нов состав на Собранието кој ќе треба да ја избере идната влада.
Во борбата да освојат пратенички мандат во 120-члениот парламент се 17 кандидатски листи поднесени од партии и коалиции.
12/12 Во борбата да освојат пратенички мандат во 120-члениот парламент се 17 кандидатски листи поднесени од партии и коалиции.
Граѓаните на Северна Македонија денеска (8 мај) гласаат на двојни избори – во втор круг од трката за претседател на државата и на парламентарни избори за нов состав на Собранието кој ќе треба да ја избере идната влада.
Previous slide
Next slide

Потоа тој ќе има 20 дена до Собранието да достави програма и предлог состав на новата Влада. Таа треба да биде изгласана со мнозинство гласови (61) од вкупниот број пратеници.

Ако се земат предвид ваквите рокови, тоа би значело дека најдоцна до крајот на јуни ќе треба да биде предложена новата влада.

Ако Мицкоски стане премиер, ќе биде 11-ти на оваа функција доколку не се земе предвид Никола Кљусев кој беше на чело на експертска влада (1991-1992) по отцепувањето од Југославија.

  • 16x9 Image

    Александар Самарџиски

    Александар Самарџиски ја започнал новинарската кариера во дневниот весник „Нова Македонија“ во 2014 година. Потоа работел како новинар во порталот „Плусинфо“ и во интернет-изданието на „360 степени“. Од септември 2023 година работи како новинар во Радио Слободна Европа. 

XS
SM
MD
LG