Достапни линкови

Генералното собрание на ОН без светски лидери, ќе пратат видео пораки


Илустрација - Зградата на ОН во Њујорк

Поради корона пандемијата, наместо физички состанок во Обединетите нации во септември, светските лидери ќе испраќаат видеозаписи, одлучи Генералното собрание на ОН.

Годишната средба на високо ниво беше разгледувана како недела за одбележување на 75-годишнината на таа органзиација, но генералниот секретар Антонио Гутереш во мај предложи лидерите да испратат видео изјави поради можни проблеми со патувањето, за што членките се согласија

„Секоја држава-членка, држава набљудувач и Европската унија можат да достават претходно снимена изјава одшеф на државата, заменик претседател, шеф на Владата, министер или заменик-претседател, за да се емитува во салата на Генералното собрание по воведувањето на физички присутен претставник“, соопштија од ОН.

XS
SM
MD
LG