Достапни линкови

Лавров во Москва со новиот претседател на Генералното собрание на ОН


Новоизбраниот претседател на 75-то Генерално собрание на Обединетите нации Волкан Бозкир

Новоизбраниот претседател на 75-то Генерално собрание на Обединетите нации Волкан Бозкир, кој престојува во Москва денеска ќе разговара со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Бозкир е избран за претседател на Генералното собрание што ќе започне во септември во Њујорк. Во Москва е најавено дека тие ќе разговараат за ефективноста на ОН и за модалитетот на претстојната годишна седница на Генералното собрание.

Генерално собрание на ОН прв пат без државните лидери

За време на посетата на Москва, Бознир ќе се сретне и со раководството на Советот на Федерацијата и на Државната дума. Волкан Бозкир, беше избран за претседател на 75-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации на 17 јуни. Тој е првиот турски државјанин кој стана претседател на Генералното собрание. Бозкер ќе го преземе претседателството од актуелниот Тиџани Мухамед-Банде во септември.

XS
SM
MD
LG