Достапни линкови

На референдумот во Русија 78 насто гласале за уставните измени


Рускиот претседател Владимир Путин гласа на референдумот за уставни измени

На националниот, необврзувачки референдум во Русија за уставните измени, кои, меѓу другото, би му го отвориле патот на претседателот Владимир Путин да побара уште два мандата и да остане на власт до 2036 година, според првичните резултати објавени од Централната изборна комисија, бил одобрен од страна на големо мнозинство на оние кои гласаа. Со пребројани 98 проценти од гласачките ливчиња, скоро 78 проценти гласале за измените, додека околу 21 насто гласале против.

Русија објавува прелиминарни резултати од референдумот, додека трае гласањето

Комисијата започна со објавување на првичните резултати неколку часа пред да се затворат гласачките места во западните делови на земјата. Вообичаено, објавувањето на резултатите од гласањето пред да се затвори гласањето е нелегално во Русија. Но, сегашниот плебисцит за повеќе од 200 уставни амандмани не беше спроведен во согласност со руските закони за референдум.

XS
SM
MD
LG