Достапни линкови

Русковска – Ги имаме денешните „бомби“, беа изведени на судењето


Обвинителката Вилма Русковска

Обвинителката Вилма Рускоска за ТВ 24 рече дека нелегално снимените разговори за случајот Рекет, кои денеска беа објавени на Јутуб, Обвинителството ги имало и ги пуштило во судница на рочиште затворено за јавноста.

Два нови нелегално снимени разговори, на кои наводно се слуша гласот на адвокатот Васко Димишков како зборува во врска со случајот Рекет беа објавени денеска на Јутуб. Снимките објавени од корисникот, кој се нарекол Алибаба Тредичи, го содржат гласот кој наводно е на Димишков, но се исечени деловите во кои зборува неговиот соговорник. Едната снимка трае 2:37, а другата 2:18 минути.

Русковска потврди дека овој разговор е исечен од аудио снимка која потекнува од доказите во „Рекет“, која обвинителството ја добило од Зоран Милески Кичеец. Русковска демантира дека на снимката се слушаат имињата на Вице и Зоран Заев во контекст поврзан со пари, пренесува ТВ 24. Таа вели дека не знае од каде и за која цел протекол овој разговор. Според Русковски, станува збор за разговор меѓу Димишков и Зоран Милески, а на другите разговори е и Ана Камчева, сопруга на осомничениот Орце Камчев.

Адвокатот Васил Димишков е брат на судијката Весна Димишкова од Кривичниот суд која го стави Орце Камчев во притвор. Камчев е осомничен за перење пари во случајот Империја на СЈО.

Шоуменот Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, вчера беа осудени на 9, односно 7 години затвор во случајот Рекет, затоа што изнудиле 1,5 милиони евра од Камчев за да излезе од притвор.

XS
SM
MD
LG