Достапни линкови

Потрошувачката кошничка подолга од „чергата“ на граѓаните


Најмалку 550 евра му биле потребно на едно домаќинско минатиот месец за основни трошоци. Но, според државниот завод за статистика просечната плата е за 110 евра помала од потрошувачката кошничка. Дополнително пандемијата предизвика раст на трошоците за живот, што ја отежнува ситуацијата.

Пристигнува лето ама цените на овошјето и зеленчукот како да се раноградинарски. Килограм праски за сто денари, јагодите како да е почеток на мај чинат 160 денари, домати за помалку од 70 денари по килограм тешко се наоѓаат. Пандемијата со ковид 19 донесе и поскапа храна.

Државниот завод за статистика забележал раст на трошоците за живот во изминатиот месец за помалку од еден процент во однос на минатата година овој период. Но, парите за да се издржи месецот годинава се помалку стигнуваат за разлика од лани, вели Емилија Ивковска Саздовска.Таа вели дека со намалената работа во нејзиниот дуќан се намали и заработувачката, а растот на цените на храна, ја прават уште потешка за преживување здравствената криза.

„Животните трошоци многу се зголемија, се зголемија и трошоците за стрија, за вода, за телефон а што е најбитно поскапеа и прехрамбените продукти во изминативе два месеца откако почна корона кризава. Многу луѓе останаа без работа, многу фирми се затворија, а и многумина немаат редовни примања“ вели Ивкова Саздовска.


70 годишната Магде Павловска вели дека нејзината пензија која е малку над минималната плата не и е доволна за сметки и лекови, па што остане за храна.

„Не ми стигаат парите од пензијата, не можам да си купам овошје, скапо е, а треба имунитет да создаваме, витамини да примаме, како да го стекнам имунитетот кога не можам да си го купам ,“ вели таа.

Во меѓувреме, петстотини денари повеќе му требало во мај на едно домаќинство во однос на февруари покажуваат податоците на синдикалната минимална потрошувачка кошничка. Ако во февруари за да се задоволат основните потреби биле потребни 32 791 во мај за таа цел едно домаќинство трошело 33 315 денари. Синдикалната анализа покажала дека дури 40 проценти од потрошувачката кошничка одат за храна, околу 30 отсто за сметки и 20 отсто за хигиена, превоз и облека. Граѓаните најмалку пари трошат за одржување на здравје и култура, односно по речиси илјада денари.

Видео - помалку гости во кафулињата:

Угостителите почитуваат протоколи, но имаат помалку гости
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:00 0:00

Според последните податоци од државниот завод за статистика, просечната плата е за 110 евра помала од минималната синдикална потрошувачка кошничка, односно изнесува 26 422 денари. Но, според податоците од владината дата база на отворени податоци вкупно 126 илјади работници добиле минимална плата од 14 500 денари за април, откако фирмите побарале владина помош за исплата на плати.

Ивковска Саздовска вели дека летово ќе мора да се направат многу отстапки, а одморот годинава ќе остане само желба.

„Многу луѓе останаа на минимална плата од 14 и 500. Многу е тешко човек да преживее за храна со тие пари, а за други работи да не зборуваме, за одмори и бензин може само да замислуваме. Ова лето тешко дека ќе одиме на одмор ќе се одвикнеме и од други работи. Па од луксузните работи, како купување на облека, од услужните делатности како на пример одење на фризер и козметичар и слично. Останува да се платат сите тековни режиски трошоци на една фамилија и храната, тоа ни е најбитно“, вели таа.

Пандемијата влијае сериозно врз квалитетот на животот вели


социологот Хасан Јашари. Тој објаснува најбитната битка во општеството покрај борбата со коронавирусот е да се превенира зголемување социоеконмскиот гап и да не се дозволи раст на сиромаштијата.

„ Најмногу влијание државата треба да посвети на ранливите категории во опшството, да ги поодржи за да се намали сиромаштијата и ударот од економската криза да се ублажи“ вели Јашари.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG