Достапни линкови

Влада: кој нема да ја почитува мерката самоизолација, државен карантин од 14 дена


Полициски час во Скопје, 7 јуни 2020

Владата на вчерашната седница донесе Уредба за изменување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита на населението од заразни болести за време на вонредна состојба. Уредбата определува дека доколку некое лице одбие да го прими решението за самоизолација, или дава лажни лични податоци и лажни податоци во врска со лицата со кои што имало контакт во изминатите денови, или не ја применува мерката строга изолација во домашни услови (домашна самоизолација), му се одредува мерката строга изолација (карантин) во времетраење од 14 дена, во објекти определени од Владата на Северна Македонија, за што МВР донесува решение, а трошоците за сместување во тие објекти се надоместуваат од страна на тоа лице.

Рестриктивните мерки спасија милиони луѓе од ковид-19

Владата ја разгледа и усвои информацијата за активностите на ЕУ за справување со дезинформациите и ширењето на лажни вести поврзани со пандемијата на Ковид-19. Од информацијата произлегуваат препораки со кои на земјите членки, како и на земјите кандидати за членство во Унијата, им се препорачува промовирање на проверени информации и веродостојна содржина со појдовен извор како што е Светската здравствена организација, како и спротивставување на измами поврзани со коронавирусот.

XS
SM
MD
LG