Достапни линкови

Романскиот претседател повторно му даде мандат на Орбан за формирање влада


Романија- премиерот во заминување Лудовик Орбан ја напушта собраниска сала по гласањето недоверба за неговата влада, 05.02.2020

Романскиот претседател Клаус Јоханис побара од премиерот во заминување Лудовик Орбан да формира нова влада, чекор со кој земјата се приближува до брзи општи избори. Јоханис соопштението го објави вчера, ден откако десничарската влада падна поради гласањето недоверба во парламентот по иницијатива на социјалдемократската опозиција.

Орбан и Јоханис сакаат предвремени избори, но претседателот може да го распушти парламентот само ако има два неуспешни обиди за формирање влада во последните 60 дена.

Романските пратеници на 5 февруари и изгласаа недоверба на владата на Орбан со 261 глас „за“.

XS
SM
MD
LG