Достапни линкови

Падна романската влада


Архивска фотографија- романскиот премиер Лудовик Орбан

Романските пратеници денеска и изгласаа недоверба на десничарската малцинска влада на премиерот Лудовик Орбан околу четири месеци откако го презема кабинетот. Гласањето беше иницирано од опозициската Социјалдемократска партија. За недоверба на владата гласаа 261 пратеник, а потребни за да падне Орбан беа 233 пратеници. Инаку тој го презема владиниот кабинет откако парламентот во октомври ѝ изгласаа недоверба на социјалдемократската влада на премиерката Виорика Данчила.

XS
SM
MD
LG