Достапни линкови

Одложено судењето за „Триста“, Поповски на боледување


Архивска фотографија: Обвинителката Фатиме Фетаи

Поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски, кој е обвинет во предметот „Триста“ на СЈО денеска не дојде на рочиштето во скопскиот Кривичен суд од здравствени причини. Судењето е одложено за 27 ноември.

Адвокатите на Поповски доставија медицинска документација до Судот дека има отворено боледување и е спречен да дојде на судењето.

Обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи побара медицински вештак да утврди дали обвинетиот може да присуствува на судските рочишта.

„На Поповски можеби ќе му требаат две години да оздрави и ние толку ли ќе чекаме“, рече Фетаи.

Поповски се сомничи за злоупотреба на службена должност во врска со јавна набавка на 300 возила, со што го оштетил буџетот за 453 илјади евра.

Според СЈО, Поповски незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, Ка-Дис ДОО Скопје, Бохемија Автомобили Роус ДООЕЛ Скопје, Колевски ДОО Скопје и Авто Куќа ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди.

Во овој предмет, според одлуката на Апелациониот суд, прислушуваните разговори може да се користат како доказен материјал.

Во Основниот суд Скопје 1 денеска треба да се одржи рочиште и за предметот „Труст“, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан.

XS
SM
MD
LG