Достапни линкови

Апелација одлучи "бомбите" да можат да бидат докази и во случајот Триста


Илустрација-Апелационен суд во Скопје

Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, по одржана седница на 18.09.2017 година во врска со предметот познат во јавноста како „Триста“ ја уважил жалбата на Специјалното јавно обвинителство и го преиначил решението на Основниот суд Скопје 1 Скопје со што и во овој предмет ќе може таканаречените бомби да се користат како докази.

Во соопштението објавено денеска на интернет страницата на Апелациониот суд се наведува дека судот со својата одлука мериторно одлучил и го одбил „предлогот на обвинетиот Ѓ.П. од С. содржан во неговиот приговор поднесен против обвинителниот акт, од списите на предметот да се издвои аудио запис од телефонски контакт, како доказ прибавен на незаконит начин, со образложение дека наведениот доказ - аудио запис од телефонски контакт претставува доказ прибавен на законит начин и како таков може да се користи како доказ во предметната кривична постапка, со што е преиначена одлуката на Основниот суд Скопје 1 Скопје со која истиот доказ е издвоен од списите на предметот како доказ прибавен на незаконит начин“.

Случајот Триста СЈО го објави во март годинава. Во него е осомничен помошник министер во Министерството за внатрешни работи за злоупотреба на службената должност и со јавна набавка за купопродажба и сервисирање на 300 возила го оштетил државниот буџет за 453 илјади евра, бидејќи не ја одбрал економски најповолната понуда.

XS
SM
MD
LG