Достапни линкови

Семејствата на жртвите од ковид-19 бараат правда


Бергамо, Италија, архивска фотографија
Бергамо, Италија, архивска фотографија

Во една тешко погодена европска земја, обвинители го испрашуваа премиерот за одговорот на владата на коронавирусот. Во друга, граѓаните ја тужат владата за „убиство од небрежност“. И во земјата од каде започна сè, поднесена е тужба за прикривање на епидемијата. Кога станува збор за ковид-19, многу семејства на жртви бараат правда за лошите владини одлуки. Преглед на некои правни активности што се преземаат во светот.

Многу семејства на жртви на ковид-19 бараат правда за она што го сметаат за лоши одлуки на владата. Бројките сè уште растат.

Пандемијата на коронавирус доведе до околу 450.000 смртни случаи, уништување на безброј животи и економски хаос.

Рестриктивните мерки спасија милиони луѓе од ковид-19

Владите се обвинети од јавноста за неактивност или за лоши одлуки, дури и кога се зголемуваат стравувањата дека доаѓа втор бран на инфекции.

Италија

„Оваа приказна не може и не смее да заврши вака… Таа ќе има судски исход и се надеваме тој да биде соодветен“.

Ова е дел од коментарот на Фејсбук страницата на Noi Denunceremo - Комитет за вистината и правдата за жртвите на ковид-19 во Италија.

Станува збор за група на семејства на жртвите која на нејзината Фејсбук страница привлече повеќе од 55.000 членови.

СЗО бара внимателност, пандемијата се уште е во пораст

На 10 јуни, деветнаесет роднини на жртви на коронавирусот ги поднесоа првите од околу 200 претставки до градското обвинителство во Бергамо во врска со дејствијата што властите ги презедоа - или не успеаја да ги преземат - кога пандемијата на коронавирусот се појави во северниот дел на богатиот италијански регион Ломбардија, кој го сочинуваат Бергамо и 11 други провинции.

Жена со маска за лице чита упатства за посетители, Италија
Жена со маска за лице чита упатства за посетители, Италија

Поплаките главно се однесуваат на тврдењата дека службениците во регионот не успеаја навремено да ги известат пациентите со коронавирус за ризиците поврзани со појавата, не обезбедија лична заштитна опрема за здравствените работници и не вклучија некои градови во Ломбардија кога Италија постави „црвени зони“.

“Нашата цел е едноставна; ја сакаме вистината! сакаме да знаеме зошто се случи овој масакр во Ломбардија, особено во Бергамо и Бреша. Зошто, иако вирусот се рашири низ целиот свет, само овде уби толку многу луѓе?“, наведува коосновачот и потпретседател на групата Стефано Фуско.

Бергамо е меѓу најпогодените градови во светот, со повеќе од 3.000 смртни случаи од ковид-19, додека Италија е една од најтешко погодените земји во Европа, со повеќе од 237.000 заразени и 34.000 смртни случаи заклучно со 18 јуни.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте
Италијанскиот премиер Џузепе Конте

Голем дел од гневот е насочен кон премиерот Џузепе Конте, кој неодамна три часа беше испрашуван од обвинителите на Бергамо за евентуални погрешни чекори направени на почетокот на епидемијата.

Клучно меѓу темите за дискусија беше зошто двата града во Ломбардија, кои станаа жаришта на коронавирусот, Алзано и Нембро, не биле вклучени во црвената зона воведена кон крајот на февруари, како и тоа зошто Ломбардија како целина не била затворена во почетокот на март.

Целта на Noi Denunceremo во моментот е да побара кривична пријава, притоа оставајќи ја отворена опцијата за водење граѓански предмет.

Велика Британија

Од 18 јуни Британија се рангираше на четвртото место во светот во однос на инфекции со коронавирус, со повеќе од 300.000 и на третото место по смртни случаи, со повеќе од 42.000.

Сега адвокатите подготвуваат случај со надеж дека судовите ќе покренат јавна истрага за дејствијата на владата.

Коронавирусот ги открива линиите на грешките на расната нееднаквост во Британија и САД

"Велика Британија очигледно никогаш не можеше целосно да ја избегне пандемијата. Сепак, навремениот одговор на владата можеше да ја спречи смртта на најблиските. Ние се собравме да ја најдеме правдата во името на нашите најблиски", вели Мет Фаулер, ко-основач на „Ковид-19 семејства за правда на Велика Британија“.

Мерење телесна температура при влез во продавнива на "Епл" во Лондон
Мерење телесна температура при влез во продавнива на "Епл" во Лондон

Организацијата која е составена од повеќе од 450 роднини на жртвите на ковид-19, во писмото напишано до премиерот Борис Џонсон и секретарот за здравство Мет Хенкок, побара итна јавна истрага.

До ова дојде откако поранешен владин научник напиша дека ограничувањата една недела порано би го преполовиле бројот на починати во земјата.

Светскиот спорт се подготвува за враќање среде коронавирус

Владата наметна ограничување на национално ниво на 23 март, скоро два месеца откако земјата го забележа својот прв случај на коронавирус.

Ова не е единствената група што бара одговорност од владата на Британија за коронавирусот.

Приватни правни фирми изразија подготвеност да работат со семејствата на засегнатите од ковид-19.

Кина

Во Кина, од каде што започна пандемијата на коронавирусот, веќе е поднесена првата приватна тужба против владата.

„Јас сум бесен ... толку многу луѓе ги загубија своите животи за време на оваа пандемија. Она што го направија е убиство“, вели Жанг Ха, син на жртва на ковид-19, за британскиот весник „Телеграф“.

Кина со нов пристап против вториот бран КОВИД-19
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Весникот пишува дека Жанг Ха, чиј 76-годишен татко починал од ковид-19, бара скоро 2 милиона јуани (280.000 американски долари) отштета од властите.

Локалните власти ги повикаа жителите да не го напуштаaт Пекинг

„Ако владата не ја прикриеше болеста во раните фази, татко ми немаше да умре“, наведува Жанг за весникот Телеграф.

Франција

Во Франција, стотици лекари се потпишаа на иницијативата за покренување кривична пријава против премиерот Едуард Филип и поранешниот министер за здравство Агнес Бусен.

„Нашите политички лидери не изложија на опасности што произлегуваат од нивните одлуки во клучните моменти и нивната неспособност да ја согледаат итноста“, се наведува во петицијата со барање за кривична пријава против владата.

Петицијата до 18 јуни ја потпишаа повеќе од 520.000 луѓе.

Франција официјално забрани хидроксихлорокин за лечење на коронавирусот

Владата моментно се соочува со 80 судски спорови во кои е обвинета за убиство и занемарување за време на коронавирусот.

илустрација
илустрација

Ова го натера претседателот Емануел Макрон да закаже обраќање до нацијата на 21 јуни што главно ќе биде фокусирано врз пандемијата и справувањето со кризата од страна на владата.

Шпанија

Во Шпанија - која со повеќе од 27.000 починати се наоѓа на третото место зад Италија и Франција по смртни случаи - илјадници граѓани поднеле тужба против премиерот Педро Санчез и неговиот кабинет за наводно „убиство поради небрежност“.

Во случајот, поднесен до Врховниот суд, се обвинуваат Санчез и другите 22 членови на Советот на министри дека со нивната неактивност дозволија пандемијата да се шири, предизвикувајќи непотребна смрт.

Правни аргументи

Се поставува прашањето дали - и кога се соочуваме со појава без преседан во модерното време - некој треба да биде одговорен.

Но, правни научници тврдат дека заштитата на здравјето на граѓаните е основно човеково право и дека непостапувањето по препораките на Светската здравствена организација може да се смета за повреда на обврските на државите според Меѓународните здравствени регулативи на ОН.

СЗО го ажурира упатствoто за лечење на ковид 19

Педро Виaљареал, виш истражувач во германскиот Институт за компаративно и меѓународно право “Макс Планк”, остава простор за правно толкување кога станува збор дали отстапувањето од советите на СЗО претставува повреда.

„Одговорот според мене е: зависи“, напиша тој на блогот Opiniojuris.org, посветен на дискусии за меѓународното право.

Според него, се работи за голем број „тешки и брзи“ обврски, чија усогласеност може да се утврди скоро веднаш.

Обврската да се извести СЗО за појавата на болеста, на пример, спаѓа во оваа категорија.

Но, членот 43 од Меѓународните здравствени регулативи, кој честопати се наведува како правна основа за случаи против влади во однос на пандемијата на коронавирус, „како целина не е „цврст и брз“ во смисла на тоа дека непочитувањето на препораките на СЗО води кон повреда.

Тој додава дека и покрај тоа што „е можно повикување на Меѓународните здравствени регулативи на домашно ниво“, во зависност од применливиот правен систем, не може тоа „да се зема здраво за готово“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG