Достапни линкови

Светскиот спорт се подготвува за враќање среде коронавирус


Пандемијата на коронавирус ги затвори деловните активности низ целиот свет, вклучително и спортот. Со неколку исклучоци, стадионите останаа празни. Но, сега, фудбалот, тенисот, кошарката и другите спортови се подготвуваат за натпревари. Навивачите веројатно нема да навиваат на трибините, но спортот ќе се врати. Радио Слободна Европа направи преглед каде и кога повторно ќе има натпревари

Коронавирусот го запре свирчето на голем дел од спортските терени во светот. Сега, како што се олеснуваат некои рестрикции, фудбалерите, тенисерите, и другите спортисти се подготвуваат да се вратат на теренот- со многу ограничувања.

Русија е меѓу ретките земји што ќе им овозможи на фудбалските навивачи да бидат барем делумно на стадионите.

Сезоната за ракомет и кошарка завршена, за фудбалот неизвесна

Данска ја започна фудбалската лига кон крајот на мај со навивачи преку платформата за видео комуникации Зум, а српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ планира тениски турнир на Балканот, но не е јасно дали ќе бидат дозволени гледачи на трибините. Одиме по ред:

Фудбал / Британија

Англиската Премиер лига треба да се врати на 17 јуни. Но, навивачите нема да присуствуваат на натпреварите.

Ливерпул, со предност од 25 поени е на врвот на табелата и е на прагот на својата прва титула во изминативе 30 години.

Англискиот играч од средниот ред на Ливерпул, Џордан Хендерсон го крева трофејот откако го освои финалниот фудбалски натпревар на Светскиот куп во ФИФА Клуб 2019 година меѓу англискиот Ливерпул и бразилскиот Фламенго на Меѓународниот стадион Калифа во главниот град на Катар
Англискиот играч од средниот ред на Ливерпул, Џордан Хендерсон го крева трофејот откако го освои финалниот фудбалски натпревар на Светскиот куп во ФИФА Клуб 2019 година меѓу англискиот Ливерпул и бразилскиот Фламенго на Меѓународниот стадион Калифа во главниот град на Катар

Сите 92 натпревара ќе се емитуваат во живо, вклучително и некои на Би-Би-Си, што е прв пат за јавниот радиодифузер во последните 32 години.

Англиското првенство – или втората лига вофудбалската пирамида на земјата - ќе започне на 20 јуни.

Фудбал / Германија

Бундес лигата стана првата голема лига во Европа што продолжи на 16 мај, откако беше суспендирана на 13 март.

Натпреварите се на празни стадиони, со играчи кои живеат во изолација и се подложени на тестирање на коронавирус.

Меркел на состанок за продолжување на Бундеслигата

Баерн Минхен се наоѓа на првото место, со седум бода предност од второпласираната Борусија Дортмунд.

Втората лига исто така, продолжи, иако Динамо Дрезден беше принуден да ги одложи натпреварите, откако двајца играчи беа позитивни на тестот за коронавирус.

Фудбал / Шпанија

Највисоката лига во Шпанија, ЛаЛига, ќе продолжи на 11 јуни со цел да ја заврши сезоната.

Натпреварите ќе се играат секој ден, но ниту еден тим не ќе може да одигра два меча за 72 часа.

тимот на Барселона против екипата на Ливерпул, архивска снимка
тимот на Барселона против екипата на Ливерпул, архивска снимка

Некои натпревари ќе започнуваат уште во 11 часот за да се избегнат летните горештини.

Шампионот Барселона на табелата има два бода предност пред Реал Мадрид. До крајот има уште 11 кола.

Фудбал / Италија

Серија А во Италија ќе продолжи на 20 јуни. Игрите беа прекинати на 9 март, а Јувентус е на врвот на табелата.

На 20 мај италијанската фудбалска федерација постави краен рок, 20 август за завршување на сезоната 2019-20.

ЕУ-министри разговараа за отворање на границите пред летото

Не се задоволни сите во Италија. Масимо Селино, кој е сопственик на тимот Бреша кој е на дното на Серија А за Би-Би-Си изјави дека продолжувањето е „луда одлука“.

Фудбал / Франција

Француската Лига 1 беше откажана откако Франција ги забрани сите спортски настани до септември.

Премиерот Едуард Филип изјави дека спортската сезона 2019-20 е завршена кога ги најави плановите за олеснување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот на 11 мај.

Раководството на францускиот фудбал се надеваше дека ќе ја продолжи сезоната на 17 јуни и ќе ја заврши на 25 јули.

Фудбалот беше суспендиран на неодредено време во Франција на 13 март.

Фудбал / Холандија

Холандија објави на крајот на април дека го откажува остатокот од сезоната и стана првата европска земја што го стори тоа.

Ниту еден шампион во првенството и куповите нема да биде крунисан оваа година, а пласманите во Европските купови ќе бидат прогласени врз основа на пласманот по 26-те одиграни кола на сите 18 екипи.

Фудбал / Данска

Иако не е една од премиерните лиги во Европа, Данска се појави на насловите откако во минатата недела ги продолжи натпреварите.

навивачите не беа на стадионот кога АГФ Архус играше со Рандерс на 28 мај, тие ја користеа платформата Зум за да бидат дел од настанот
навивачите не беа на стадионот кога АГФ Архус играше со Рандерс на 28 мај, тие ја користеа платформата Зум за да бидат дел од настанот

Иако навивачите не беа на стадионот кога АГФ Архус играше со Рандерс на 28 мај, тие ја користеа платформата Зум за да бидат дел од настанот.

Не! 5G не го предизвикува и не го шири ковид-19

Така илјадници дански фудбалски навивачи во четвртокот навечер беа пренесени на стадионот на „Серес Парк“.

Додека самиот стадион беше без навивачи, лицата на илјадници навивачи кои се приклучија на Зум беа прикажани на гигантските екрани.

Фудбал / Русија

Првата лига ќе продолжи на 21 јуни, објави рускиот Фудбалски сојуз кон средината на мај. Лигата беше прекината на 16 март.

Русија, земја во Европа со најголем број регистрирани случаи на коронавирус, ќе им овозможи на навивачите да бидат на стадионите.

Путин: владата бргу да ги санира економските штети од пандемијата

Според планот, на гледачите ќе им биде дозволено да присуствуваат на натпревари доколку не се надминат 10 проценти од капацитетот на стадионот.

Лига на шампиони, Лига на Европа, ЕУРО 2020

УЕФА, раководно фудбалско тело на Европа, на 23 мај објави дека највисоките клупски натпреварувања во Европа - Лигата на шампионите и Лигата на Европа - се одложени.

Во објавата, УЕФА додава дека „сè уште не е донесена одлука за презакажување на датумите“.

Првенството на националните репрезентации ЕУРО 2020, што требаше да се одржи за прв пат во повеќе земји низ цела Европа, е одложено за 2021 година.

Тенис: Ниту Вимблдон, ниту Френч опен

Љубителите на тенисот зрак на надеж имаат во Новак Ѓоковиќ кој најави амбициозен турнир во јуни.

Првиот натпревар од турнејата Адрија ќе се одржи во родниот град на Ѓоковиќ, Белград на 13-14 јуни.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, архивска фотографија
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, архивска фотографија

Турнирот ќе се пресели во хрватскиот крајбрежен град Задар, а потоа во Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Меѓу осумте тенисери кои треба да учествуваат покрај Ѓоковиќ се и Бугаринот Григор Дмитров и Германецот Александар Зверев. Не е јасно дали на навивачите ќе им биде дозволен влез.

Формула 1

Шефовите на Ф1 на 2 јуни го потврдија европскиот дел од сезоната за 2020 година, со вкупно осум трки низ целиот континент.

Моторите прво ќе се загреат во Австрија со две трки на 5 и 12 јули. Доколку тоа е успешно, ќе следи и трета трка во Будимпешта, Унгарија на 19 јули.

Потоа Шпанија ќе биде домаќин на трката на 16 август, по што следува Белгија на 30 август.

Работите се заокружуваат со класичното италијанско гран-при на 6 септември.

Формула 1, илустрација
Формула 1, илустрација

Шефовите на Ф1 работат на плановите за да обезбедат трките да бидат што е можно побезбедни.

Тие ќе се одржат зад затворени врати, без гледачи и ограничени на минимум екипи и технички персонал.

Сите ќе бидат тестирани пред трките за да се видиди дали имаат коронавирус.

Олимпијада

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и јапонската влада во март донесоа одлука за одложување на Олимписките игри во Токио, што требаше да започнат во јули, поради пандемијата на коронавирус.

Сега Игрите треба да се одржат од 23 јули до 8 август 2021 година - но со оглед на тоа што засега нема ни најава за некаква сигурна вакцина против коронавирусот, официјалните лица уште сега се прашуваат дали дури и тој датум е остварлив.

Ќе биде ли кризата поголема и од Олимпијадата?

Џон Коутс, шеф на инспекторатот на МОК за Токио, неодамна изјави дека организаторите на игрите се соочуваат со „вистински проблеми“ и за следната година.

Тој рече дека организаторите треба да започнат со планирање во октомври за она што може да биде „многу поинаква“ Олимпијада доколку ковид-19 се искорени.

Атлетика

Дијамантската лига планира да одржи три настани во август во: Монако, Гејтсхед и Стокхолм, а потоа следат натпревари во септември во Лозана, Брисел, Париз, Шангај и евентуално Рим или Неапол.

Настаните во американската држава Орегон, Доха, Катар и Кина се закажани за октомври.

Хокеј на мраз

Северноамериканската Национална хокеарска лига (НХЛ) кон крајот на мај ги објави плановите за продолжување на натпреварите. Натпреварите ќе се играат на неколку локации.

На тимовите ќе им биде дозволено да тренираат повторно од 1 јули.

Победникот на Стенли купот треба да биде познат до почетокот на есента.

илустрација
илустрација

Во Европа, Континенталната хокеарска лига (КХЛ), предводена од Русија, веројатно и најсилната во светот надвор од НХЛ, соопшти дека планира да се врати на 2 септември.

Прецизирано е дека датумот е „прелиминарен“ и оти може да биде предмет на „потребни корекции“ во зависност од тоа како се развива ситуацијата со коронавирусот.

КХЛ има екипи од шест земји, иако повеќето се од Русија.

Кошарка

Националната кошаркарска лига (НБА) е на пат да ја започне сезоната во јули, евентуално во Орландо, Флорида, а плеј-офот е најавен за почетокот на септември.

Лигата допрва треба да одобри план, но се чини дека во кој и да е формат нема да бидат вклучени сите 30 екипи.

Во Европа, шпанската лига Ендеса ќе продолжи со завршниот турнир од 33 натпревари на едно место кое би можело да биде на Гран Канарија. Не се утврдени цврсти датуми, но по се изгледа тоа ќе биде во јули.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG