Достапни линкови

СЗО го ажурира упатствoто за лечење на ковид 19


Светската здравствена организација (СЗО) објави дека ќе ги ажурира своите упатства за третман на пациенти со КОВИД 19 со цел да се отсликаат и резултатите од клиничките испитувања кои покажаа дека евтиниот стероид дексаметазон може да им помогне на луѓето со потешки заболувања.

Според резултатите од студијата објавена денеска, дексаметазон, кој се користи уште од 1960-тите за да се намали воспалението кај болести како што е артритис, ја намалил стапката на смртност кај најтешко- болните пациенти со КОВИД 19 примени во болница.

Клиничките упатства на СЗО за третман на пациенти заразени со коронавирус вирус се насочени кон лекарите и другите здравствени работници и се наменети за користење на најновите податоци за тоа како најдобро да се справуваат со сите фази на болеста.

Резултатите од истражувањето за употреба на дексаметазон се прелиминарни, но истражувачите сугерираат дека лекот треба веднаш да стане стандардна грижа за најсериозно болните пациенти.

Според првичните резултати од истражувањето, за пациенти на респиратори, третманот ја намалил стапката на морталитет за третина, а кај пациенти кои примаат само кислород, смртноста е намалена за една петтина.

XS
SM
MD
LG