Достапни линкови

Вести

Медиумските групи ја осудија ерменската полиција за повредите при судирите

Ерменија
Ерменија

Водечките медиумски здруженија на Ерменија остро ја осудија полицијата за повредите на најмалку десет новинари за време на судирите во Ереван со демонстрантите кои бараа оставка од премиерот Николе Пашињана.

„Ја осудуваме употребата на брутална сила од страна на полицијата против претставниците на медиумите и непрофесионалните, непроценливи дејствија што доведоа до сериозни последици“, се вели во заедничката изјава објавена на 13 јуни од девет ерменски групи за слобода на медиумите.

Од бројните видеа, како и од фотографиите на агенцијата Фотолур, јасно се гледа дека шок бомбите биле насочени кон новинари и оператори кои стоеле на местото каде што биле концентрирани медиумските камери“, се наведува во соопштението.

Безбедносните сили фрлија десетици шок бомби во толпата за време на судирите на 12 јуни, при што беа повредени најмалку 83 лица. Според властите, повредени се и 18 полицајци.

Со шок бомби против анти-владините демонстранти во Ереван
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:59 0:00


Повод за протестите и руската улога

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан застана во одбрана на полицијата. Тој пред парламентот најави дека Ерменија ќе се повлече од Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), која ја предводи Русија.

ОДКБ е унија на шест поранешни советски земји - Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан.

На 8 мај, Ерменија објави дека престанала да дава финансиски придонеси за ОДКБ.

Таа претходно го суспендираше учеството во заеднички воени вежби, состаноци на високо ниво и други активности.

Тензиите меѓу Ерменија и Русија настанаа откако ерменските власти ги обвинија руските мировници дека не ја запреле офанзивата на Азербејџан во септември 2023 година. Таа акција му даде целосна контрола на Баку врз Нагорно-Карабах, кој тамошните Ерменци го контролираа со децении со поддршка на Ереван.

Москва ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека нејзините војници немаат мандат да интервенираат.

САД, Франција и Израел ќе работат врз намалување на тензиите со Хезболах

Georgia -- Salome Zurabishvili, Emmanuel Makron
Georgia -- Salome Zurabishvili, Emmanuel Makron

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека САД, Франција и Израел се согласиле да работат заедно за намалување на тензиите меѓу либанската група Хезболах и Израел.

„Постигнавме договор за принципот на трилатерална контакт група на Израел, САД и Франција врз основа на предлогот што го предложивме и ќе го сториме истото со либанските власти“, изјави Макрон на маргините на самитот на Г7 во Италија.

САД и Франција во последниве месеци работеа на запирање на влошените меѓусебни напади меѓу групата Хезболах и Израел

Пожари па дожд

Скопје
Скопје

Центарот за управување со кризи регистрира 11 пожари на отворено и неколку помали интервенции во последното деноноќие и сите се изгаснати. Инаку при тоа помогна и дожот кој зафати делови од земјата.

Пожарникарите интервенирале за гаснење ниска вегетација и ѓубре во општините: Гази Баба, кај с. Раштак; Сарај, кај с.Кондово; Сопиште кај с.Варвара; Битола, кај месност „Обиколница“; Прилеп, кај с. Стровја; Долнени, кај с.Дебреште; Валандово, кај с.Удово; Штип, кај Индустриска зона; Тетово, кај Фабрика Муневре; Велес во Индустриска зона и во Општина Свети Николе кај с. Малино.


Заради силниот ветер при последните два пожара на отворено изгореле и објекти и куќа.
Конкретно, Регионалнио ЦУК – Велес, известува дека противпожарната служба во Велес, во период од 16.26 до 19.35 часот, со 12 пожарникари и шест противпожарни возила, интервенирале на запалена ниска деградирана вегетација. Во пожарот биле зафатени и два напуштени воени магицина, во велешката населба „Речани“.

Пожарникарите од Свети Николе интервенирале за гаснење запалена ниска деградирана вегетација, при што била опожарена и една куќа и четири помошни простории, во село Малино, Светиниколско. Со пожарот била зафатена површина од три декари.

Белград ќе екстрадира белоруски новинар во Минск

Илустрација
Илустрација

Српскиот суд донесе одлука за екстрадиција на белорускиот новинар, режисер и опозициски активист Андреј Гњот во Белорусија. Оваа одлука на судот во Белград не е конечна затоа што се уште течат рокови за жалба.

Белоруските власти бараат од Србија да го екстрадира Гњот откако на 30 октомври беше уапсен на аеродромот во Белград по потерница на Интерпол издадена по барање на Минск за наводно затајување данок.

Одлуката на Вишиот суд во Белград, во која се наведува дека се исполнети законските предуслови за екстрадиција, е донесена на 31 мај и во тек е нејзиното доставување до странките во процесот.

На оваа одлука има право на жалба до Апелациониот суд, а адвокатот на Гњот, Филип Софијаниќ за РСЕ изјави дека ќе поднесе жалба. Гњот беше во притвор, а од 5 јуни со одлука на Апелациониот суд е префрлен во куќен притвор.

Гњот ги негираше обвинувањата за затајување данок врз основа на кои белоруските власти го бараат од Србија.

„Оваа кривична пријава е политички мотивирана. Таа е неоснована и лажна. Белорускиот режим го изложува секој што се спротивставува на брутална репресија“, рече Гњот пред судот.

Вишиот суд претходно донесе одлука за екстрадиција, која Апелациониот суд ја укина на почетокот на март.

Случајот потоа е вратен на повторно одлучување поради, како што се наведува, нецелосно утврдената фактичка состојба и значителни повреди на одредбите од кривичната постапка.

Белоруската опозициска лидерка во егзил Свјетлана Циханускаја на социјалната платформа„Х“ порано позната како Твитер изрази загриженост поради одлуката на српскиот првостепен суд да го екстрадира белорускиот активист Андреј Гњот во Белорусија.

„Андреј е изложен на ризик во Белорусија од кршење на човековите права, лишување од слобода и тортура од политички причини. Апелирам до второстепениот суд и српскиот министер за правда да не го екстрадира Андреј во Белорусија и да му дозволи да ја напушти Србија. Ја повикувам и меѓународната заедница да го поддржи“, е наведено во нејзината објава.

Синот на Мерко, Генц кој е на американската црна листа доби лиценца за нов медицински Факултет

Компаниите на синот на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко
Компаниите на синот на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко

Меѓународниот универзитет во Струга кој е во делумна сопственост на синот на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, Генц Мерко ќе добие уште една лиценца за отворање на Факултетот за здравствени науки.

Владината одлука за одобрение за основање на Факултет за здравствени науки при Меѓународниот универзитет во Струга е објавена во Службениот весник на 15 април годинава во време на предизборна кампања. Потпис на одлуката ставил техничкиот премиер Талат Џафери од ДУИ. Во неа е наведено дека на овој факултет се превидени две студиски програми: Општа медицинска сестра и Студии од здравствена нега, од прв циклус стручни студии (180 ЕКТС).

„Наставата на Факултетот за здравствени науки од член 1 од оваа одлука, е на македонски јазик и неговото кирилско писмо и албански јазик и неговото писмо, согласно Законот за високото образование“, пишува во одлуката објавена во Службениот весник.

Информацијата за новата лиценца за отворање на факултет доаѓа во пресрет на формирање на нова Влада, составена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Влен ( Вреди) и движењето Знам.

На веб страницата на Меѓународниот универзитет Струга веќе е најавено дека во склоп на Универзитетот има и Факултет за здравствени науки. Покрај овој факултет, студентите на овој Универзитет се запишуваат и на Факултетот за политички науки, за економски науки, правни науки и информатички технологии.

Од Агенцијата за квалитет на високото образование за Тв Телма велат дека во тек е постапка за акредитација на студиските програми, па дури потоа ќе може да почне со работа оваа високообразовна установа.

Од коалицијата Влен( ВРеди) во писмено соопштение велат дека овој Универзитет е познат по „производството“ на итни дипломи, каде, како што тврдат низ годините, преку ноќ, дипломирале повеќе од половина од функционерите на ДУИ.

„Но, бизнисот на ДУИ и Рамиз, кој функционираше во стилот: земи ја „картичката“ на ДУИ, купи диплома од Рамиз и работата ти е сигурна му доаѓа крајот затоа што новата Влада ќе ги истражува сите случаи на продажба на дипломите и функционирањето на универзитетите како што е „Универзитетот на Мерко“, е наведно во соошштението на коалицијата Влен (Вреди) .

Во јуни минатата година Соединетите Држави го ставија Мерко на „црната листа “ на лица на кои им се забранува влез во САД. Санкцијата се однесува и сопругата на Мерко, Шпреса, и неговите три возрасни деца, Генц, Назмије и Дренуша. Потесното семејство на Мерко се смета за „неподобно“за влез во Соединетите држави.

Против Мерко Обвинителството во Струга и тоа во Скопје за гонење на организиран криминал и корупција во март годинава поднесоа две обвинениј. Првото за несовесно работење во службата, а второто за набавката на службениот автомобил „Ауди А6“. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција на 29 февруари го поднело обвинението до Кривичниот суд Скопје за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинението Мерко се соочува со максимална затворска казна од 5 години.к.

Државата со мала заработка од концесиите за рудници, утврдиле ревизорите

Илустрација, Ископ (каменолом) на минерални суровини од подножјето на планината Јабланица во близина на струшкото село Лабуништа
Илустрација, Ископ (каменолом) на минерални суровини од подножјето на планината Јабланица во близина на струшкото село Лабуништа

Само 45 милиони евра наплатила државата од концесиски надоместок за експлоатација на минерални суровини од 348 концесии доделени на 257 концесионери во период од 2018 до 2022 година, покажуваат податоците од последниот ревизорски извештај.

Концесионерите доцнат со уплата на надоместоците, а дел од нив самоиницијативно ги прошириле границите на концесиските површини, утврдиле ревизорите.

Во однос на експлоатацијата на мермерот кој е во фокус на извештајот, ревизорите утврдиле дека државата од надоместок на концесија добила само 1,7 милиони евра од 29 концесионери на мермер. Тоа е само еден отсто од приходите кои ги остварува концесионерот со продажба на минералната суровина.

„Остварените надоместоци во корист на државата од експлоатација на најквалитетниот мермер во износ од 103.248.000 денари или 1,7 милиони евра за периодот од 2018 до 2022 година претставуваат 1 отсто од остварените приходи од продажба на концесионерот“, заклучува ревизорот.

Во ревизорскиот извештај „Ефикасност на постапките за доделување на правото за вршење на експлоатација на минерални суровини и реализација на склучените договори, со посебен осврт на мермерот“ е наведено дека со утврдениот начин на пресметка на надоместоците за експлоатација на минералните суровини не ги одразува реалните продажни цени кои ги остваруваат концесионерите и не придонесува за правично и рамноправно оптоварување на концесионерите..

Ревизорите утврдиле дека 2 концесии за ископ на минерални суровини експлоатирале надвор од дозволата за експлоатација што ја поседуваат концесионерите на вкупен простор од 9.989 квадратни метри.

„Тоа создава ризик концесионерите да не го пресметуваат и плаќаат надоместокот за експлоатираните количини надвор од експлоатационото поле“, наведуваат ревизорите.

Со извршената ревизија, ревизорите утврдиле и дека на национално ниво не е донесена долгорочна стратегија за оптимално искористување и управување со минералните суровини повеќе од 11 години, а активностите за нејзино изготвување се започнати во 2022 година, со рок на донесување до април 2024 година, додека законската регулатива која ја третира предметната област е изложена на чести измени и дополнувања, а одредени одредби не се доволно јасни и прецизни што создава несигурност при нивна примена.

„Базите на податоци на Министерството за економија и катастарот на
минерални суровини што го води Геолошки завод не обезбедуваат јасен и
целосен преглед на состојбите со минералните суровини врз основа на кој
ќе се вршат анализи со цел водење активна политика во однос на
оптималното искористување на минералните суровини“, се вели во извештајот.

Со последната одлука на Собранието со која се одобрува реорганизација на Владата, е предвидено укинвање на Геолошкиот завод како засебно самостојно тело, кое веројатно ќе се интегрира во ново Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, сектори кои досега беа под надлежност на Министерството за економија.

Лидерите на Г7 договорија заем за Украина од замрзнатите руски средства

Илустрација, состанок на лидерите на Г7
Илустрација, состанок на лидерите на Г7

Лидерите на Групата седум (Г7) договорија заем од 50 милијарди долари за Украина користејќи ги замрзнатите руски средства како колатерал, бидејќи Велика Британија и Канада исто така одделно најавија нова финансиска и воена поддршка за Киев.

Дипломатите потврдија за новинската агенција Асошиетед прес дека е постигнат договор пред лидерите да слетаат во јужна Италија на 13 јуни на високо очекуваниот тридневен самит.

Канада која е дел од групата седум најразвиени економии, на 13 јуни објави дека ја испраќа својата прва испорака на нови оклопни возила во Украина. Канадскиот министер за одбрана Бил Блер рече дека украинските војници ќе бидат обучени да ги користат во текот на летото.

Дополнително, Британија соопшти дека ќе објави хуманитарна помош за Украина во вредност од 242 милиони фунти (309,5 милиони долари) за време на самитот, на кој се собираат лидерите на седум од најбогатите земји во светот.

Украина бара пат кон мирот на самитот во Швајцарија, без Русија
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:39 0:00

Претходно, на 12 јуни, Вашингтон најави дека ќе обезбеди уште еден ракетен систем Патриот како одговор на молбите на Украина за поголема противвоздушна одбрана бидејќи разорните руски напади ја одржуваат земјата на работ и ја десеткуваат нејзината енергетска мрежа, принудувајќи го Киев да увезува рекордни количини на енергија.

Германија на 11 јуни, исто така, вети дека ќе испрати систем Патриот, заедно со самоодни противвоздушни пушки Гепард и систем за воздушна одбрана IRIS-T.

Самитот на Г7 започнува еден ден откако Русија уби најмалку девет лица во смртоносниот напад на украинскиот град Кривиј Рих, родниот крај на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Украинската влада на 13 јуни соопшти дека земјите од Г7 одделно се согласиле да обезбедат повеќе од една милијарда долари за поддршка на енергетскиот сектор на Украина.

Судскиот процес против руската режисерка и драматург зад затворени врати

Театарската режисерка Евгенија Беркович и драматургот Светлана Петричук
Театарската режисерка Евгенија Беркович и драматургот Светлана Петричук

Судскиот процес против руската режисерка и драматург обвинети за тероризам ќе се одржува далеку од очите на јавноста. Московскиот суд донесе одлука судскиот процес да продолжи „зад затворени врати“, затоа што сведокот предложен од обвинителството „добил неодредени закани“.

Судењето беше затворено на барање на обвинителката Екатерина Денисова, која изјави дека еден од сведоците добил закани откако бил сослушан во судот.

Станува збор за судски процес против театарската режисерка Евгенија Беркович и драматургот Светлана Петричук, кои беа приведени минатиот месец по премиерата на нивната претстава „ Финалист - Храбриот сокол“ во која се обработува тема за две Русинки кои се омажиле за мажи муслимани припадници на Исламската држава, која е препознаена како терористичка група и се преселиле во Сирија.

Двете обвинети во судницата тврдат дека се невини по обвинението. Нивните адвокати протестираа по одлуката на судот.

Нивната продукција за претставата доби две Златни маски. Во знак на поддршка на Беркович и Петријчук, говореа познати културни дејци. Активистите за човекови права веруваат дека нивниот прогон е политички мотивиран.

Османи: Двете страни ја имаат исполнето суштината на Преспанскиот договор

Османи беше домаќин на министерски состанок во рамки на ПСЈИЕ, а во Скопје присутна е и грчка делегација.
Османи беше домаќин на министерски состанок во рамки на ПСЈИЕ, а во Скопје присутна е и грчка делегација.

Суштината на Преспанскиот договор, и Северна Македонија и Грција ја имаат исполнето – Грција за поддршка на евроатлантската интеграција, а Северна Македонија за прашањето за уставните измени и имплементација на името, смета министерот за надворешни работи во заминување, Бујар Османи.

„Не е коректна констатацијата дека Грција нема исполнета ништо. Столбот на грчките обврските од Преспанскиот договор е поддршка за НАТО и европската интеграција. Северна Македонија денеска е членка на НАТО затоа што Грција ја исполни својата обврска. Денеска Грција е еден од најголемите лобисти во Брисел за членство на Република Северна Македонија во ЕУ“, изјави Османи.

Заостанатите обврски, како што се меморандумите што треба да се усвојат од грчкиот парламент, меѓу кои и промена на таблите на патиштата, според министерот се „некаде на периферијата“. Според него, слични такви обврски има и Северна Македонија, како што се законските измени за имињата на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Македонската радио-телевизија (МРТ).

„Истите аргументи што ние ги даваме дека не можеме да постигнеме консензус во парламентот, ги даваат и тие“, рече Османи.

Тој изрази надеж дека идната влада што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитува договорот. Изјавите од лидерот на оваа партија и мандатар за формирање на влада, Христијан Мицкоски, тој смета дека се „транзиција за да ја подготват јавноста“ за прифаќање на договорот.

„Не е веќе прашање на Преспанските обврски, туку на Уставот. Се дава само некакво очекување дека ако ’почнеме усно да го кажуваме (старото име) полека ќе се смени и писмено‘. Тоа нема да се случи. Зошто им давате такви очекувања на граѓаните? Кажете: ’Ние не сме го изгласале, ние бевме против. Овие предавниците го направија тоа и ние мора да го почитуваме‘. Тоа е фер однос кон државата“, коментираше Османи.

Османи, денеска (13 јуни) е домаќин на министерскиот состанок во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), во кој учествува и Грција. Попладнето, пак, претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на истиот процес е домаќинка на Самитот на шефови на држави и влади.

Шефица на грчката делегација во Скопје денеска е заменик-министерката Александра Пападопуло. Попладнето, пак, на Самитот кај Сиљановска гостин ќе биде министерот Јоргос Герапетритис, но тој, како што објасни Османи, поради обврски ќе се задржи само два часа.

Османи со Пападопуло имаше билатерална средба, додека со Герапетритис разговарал телефонски. Засега нема информации дали грчкиот министер ќе одржи билатерална средба со претседателката Сиљановска Давкова.

Инаку, ова е прва посета на висок грчки функционер по низата прозивки меѓу Скопје и Атина околу Преспанскиот договор кои започнаа со некористењето на уставното име од страна на новата претседателка Сиљановска Давкова на нејзината инаугурација во Собранието на 12 мај.

Српскиот вицепремиер Вулин во Москва на средба со врвот на руските безбедносни служби

Српскиот Вицепремиер Александар Вулин
Српскиот Вицепремиер Александар Вулин

За време на официјалната посета на Москва, вицепремиерот на Србија, Александар Вулин, се сретна со високи претставници на Руската Федерација (РФ) од безбедносниот, воениот и политичкиот систем, соопшти владата во Белград на 13 јуни.

Во соопштието е наведено дека Вулин во Москва се сретнал со врвот на најважните безбедносни служби на Руската Федерација, Федералната служба за безбедност (ФСБ), Странската разузнавачка служба (СВР) и Федералната служба за заштита (ФСО).

Се додава дека тој претходно разговарал со секретарот на рускиот Совет за безбедност Сергеј Шојгу, рускиот министер за внатрешни работи Владимир Колоколцев, како и со претставници на Министерството за одбрана на Руската Федерација и раководители на воено-индустрискиот комплекс на Русија. .

„Вулин имаше успешни разговори и со заменик министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Александар Грушка, од кого побара да му ја пренесе на министерот Сергеј Лавров својата благодарност за поддршката на Србија во Генералното собрание на Обединетите нации и гласањето против резолуцијата за Сребреница“, е наведено во соопштението на српската Влада.

На 23 мај, Собранието на Обединетите нации усвои Резолуција со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница, на чие усвојување, меѓу другите, се спротивставија и претставниците на Србија, Русија и Кина во Обединетите Нации.

Александар Вулин е под санкции од Соединетите Американски Држави, меѓу другото, поради неговите врски со Русија од јули 2023 година. Неговата посета на Москва е прво официјално патување на Вулин во Русија откако на 2 мај беше избран на функцијата вицепремиер на Владата на Србија.

Претходно, во април во Санкт Петербург, во својство на лидер на Социјалистичкото движење, се сретна со секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Николај Патрушев.

Од доаѓањето на Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ на власт во 2012 година, Александар Вулин ги извршуваше функциите директор на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово, министер без ресор задолжен за Косово, министер за труд и социјала. Заштита, министер за одбрана, министер за внатрешни работи.

Последната функција што ја извршуваше пред актуелната потпретседателска функција во Владата беше директор на Безбедносно-информативната агенција (БИА).

Оставката на чело на БИА ја поднесе на 3 ноември 2023 година, откако претходно САД во јули го ставија на листата на американски санкции поради наводна корупција, вмешаност во трговија со дрога и врски со Русија.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG