Достапни линкови

Вести

Со поддршка од ДУИ, по полноќ изгласана реорганизација на министерствата

Измните беа изгласани околу 2:30 часот по полноќ
Измните беа изгласани околу 2:30 часот по полноќ

Новото парламентарно мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди (ВЛЕН) и ЗНАМ, со поддршка од пратеници од Европскиот фронт предводен од ДУИ, ги изгласа законските измени со кои се воведуваат нови и се прави реорганизација на дел од постоечките министерства.

Собраниската седница синоќа продолжи и по полноќ, а гласањето се одржа околу 2:30 часот ноќта помеѓу петокот и саботата (7 и 8 јуни). Измените, кои во средата (5 јуни) ги предложи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за формирање влада Христијан Мицкоски, се носеа во скратена постапка. „За“ гласаа 88 пратеници, а „против“ беа 22.

Станува збор за измени на Законот за организација и работа на органите на државна управа за што е потребно двотретинско мнозинство – 80 гласа во 120-члениот парламент.

Договор со ДУИ за ад хок комисија во Собранието

ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ заедно имаат 78 пратеници.

За да ја има поддршка од дел од опозицијата, во текот на вчерашниот ден ВМРО-ДПМНЕ постигна договор со ДУИ со кој, како што беше објаснето, за возврат ќе се формира ад хок комисија во Собранието која ќе ја следи правичната застапеност во органите на државната самоуправа. На чело на ова тело ќе биде пратеник од опозицијата.

„Предлогот на мандатарот Мицкоски е пренесување на надлежност од една во друга институција и може да има логика за ефикасност. Цениме дека еден ваков упад треба да има сериозно разгледување, но ова ќе го оставиме на времето дали ќе биде постигната таква ефикасност. Секако како две сили кои имаат легитимност и коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и Европскиот фронт денеска разговаравме со една цел вознемирувањата коишто ги имаме во делот на инспекторатот за албанскиот јазик и за други институции кои се дел од овој закон“, рече координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети од ДУИ, објаснувајќи зошто решиле да гласаат „за“.

Забелешки на опозицијата: Измени за политички пазар, без анализа и дебата

Пратениците од СДСМ и Левица, пак, се противеа на законските измени и начинот на кој се носат тие – во скратена постапка, без анализа и дебата и без вклучување на експертската јавност.

Социјалдемократите обвинија дека со оваа реорганизација на министерствата и државната управа не се прави реформа туку таа е политички мотивирана за задоволување на потребите на новата владината коалиција. Исто така, забележаа дека не се предвидува и колкава ќе биде финансиската импликација.

Поранешната министерка за одбрана, а сега пратеничка, Славјанка Петровска, рече дека мнозинството не можело да има попоразителен почеток.

„За десет дена трипати си го погазивте зборот. И затоа молчите цела ноќ, ама довикувате од место“, рече Петровска.

Таа потсети на дел од изјавите што ги имал Мицкоски против досегашната коалиција на СДСМ и ДУИ порачувајќи дека сега „се поставува прашањето кој во чиј скут седи“.

Во дебата, пратениците на Левица забележаа дека во измените не се вклучени експерти и оти според нив, на овој број население, земјава треба да има помалку, а не повеќе министерства.

„Вие се однесувате како да имате божји а не народен мандат. Се е ставено на брза лента за да може да почне шемата за отплаќање на долговите кон елитите кон кои должите“, рече пратеникот Амар Мециновиќ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, во соопштението дека добиле поддршка од Европскиот фронт, пак, наведоа дека законските измени биле работени со поддршка од меѓународни партнери и се дел од ИПА програмата на Европската Унија.

Што предвидува законот?

Врз основа на веќе донесените измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе треба да ја предложи новата влада. Рокот од 20 дена за тој да достави владина програма и состав почна да тече во четвртокот (6 јуни) кога претседателката Гордана Сиљановска-Давкова му го додели мандатот.

Во законот се изменија 30-тина членови. Тие донесоа 20 наместо досегашните 16 министерства, како и префрлање на надлежности од еден во друг ресор.

Според измените, постоечкото Министерство за економија добива нови, а губи дел од старите надлежности.

Тоа ќе биде Министерство за економија и труд што значи дека ќе земе под своја капа дел од надлежностите на досегашното Министерство за труд и социјална политика МТСП.

Од друга страна, надлежностите за енергетика и рударство ќе преминат во новото Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

Економија ќе ги предаде ингеренциите и за туризмот кој ќе биде дел од реорганизираното Министерство за култура и туризам.

Повеќе економски надлежности ќе има и во досегашното МНР кое ќе биде Министерство за надворешни работи и надворешна трговија.

МТСП, пак, ќе се трансформира во Министерство за социјална политика, демографија и млади.

Ингеренциите од Министерството за информатичко општество и администрација, ќе ги наследат две нови министерства – едното за дигитална трансформација и другото за администрација.

Досегашното Министерство за политички системи и односи меѓу заедниците, пак, ќе биде биде само Министерство за односи меѓу заедници.

Ќе има и ново Министерство за спорт. Со тоа ќе се укине Агенцијата за млади и спорт бидејќи нејзините ингеренции ќе ги наследат ова новоформирано министерство и реорганизираното Министерство за социјална политика, демографија и млади.

Ваквата реорганизација, меѓу другото, ќе донесе и трансфер на вработени. На пример, законските измени предвидуваат вработените во Министерството за економија кои досега ги вршеле работите поврзани со секторот туризам да преминат под капата на трансформираното Министерство за култура и туризам итн.

Преземањето на вработени треба да се случи во рок од пет месеци од влегувањето на сила на законските измени. Тие ќе влезат во сила со денот на објавување во Службен весник, а пред тоа да се случи за измените указ треба да потпише и претседателката Сиљановска Давкова.

види ги сите денешни вести

Србија најави соработка со Унгарија за промоција на „семејните вредности“

Белград - Министерката за семејна помош и демографија Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски и амбасадорот на Унгарија Јожеф Золтан Маѓар
Белград - Министерката за семејна помош и демографија Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски и амбасадорот на Унгарија Јожеф Золтан Маѓар

Министерот за семејна грижа во Владата на Србија иницираше потпишување на Меморандум за соработка со Унгарија „во делот на унапредување на семејните вредности“.

Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски на средбата со унгарскиот амбасадор во Србија рече дека тоа „ќе придонесе за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Србија и Унгарија“.

„Соговорниците констатираа дека Србија и Унгарија се заедно на линијата на одбраната на семејството и дека во заеднички интерес ќе ја продолжат борбата тоа да стане стратешки приоритет на целото општество и на државата“, соопштија од Министерството за семејна грижа. на 21 јуни.

Министерот рече дека Србија „врз основа на добрата практика на Унгарија, спроведува голем број мерки за зголемување на наталитетот Ова не е првпат Унгарија и Србија да најавуваат соработка во „одбрана на породилните вредности“.

На почетокот на 2024 година, претседателите на Србија, Бугарија и Унгарија објавија заедничка декларација со истото име иницирана од унгарскиот претседател Катлин Новак.

Владата на Виктор Орбан се претставува пред унгарската јавност како борец за „традиционалните семејни вредности“.

Во исто време, унгарскиот премиер се залага за антиимигрантски позиции во својата семејна политика, со пораки дека имиграцијата „не може да биде решение за зголемувањето на наталитетот“.

Промовирајќи ја семејната политика, Орбан изразува и дискриминаторски ставови, како што се оценките дека концептот на семејство е релативизиран на Запад со помош на „родовата идеологија и ЛГБТ лобито“.

Поради односот кон мигрантите и ЛГБТ популацијата, меѓу другото, Орбан е мета на критики од Европската Унија, пак, во Србија, втора година по ред се одржаа Денови на семејството во Белград. а во 2024 година траеја два месеци.

Кандидатот за градоначалник на владејачката Српска напредна партија, Александар Шапиќ, кој исто така беше на таа функција во претходниот мандат, одби да го отвори настанот EuroPride во 2023 година.

Шапиќ тогаш најави дека ќе го отвори настанот „Денови на семејството“, а тоа ќе биде настан „на кој ќе учествува“.

Над 10 загинати во пожарите во Турција

Турција пожари
Турција пожари

Во пожар што избувна во посевите и се прошири низ населбите во југоисточна Турција во текот на ноќта, загинаа 11 лица, а десетици беа повредени, соопштија властите на 21 јуни.

Во соседна Грција, властите евакуираа неколку села јужно од Атина и во јужниот регион на Пелопонез поради пожари.

Пожарот во Турција избувна во областа меѓу провинциите Дијарбекир и Мардин, а поради ветрот брзо се прошири во селата, изјави гувернерот на Дијарбекир Али Ихсан Су, додавајќи дека пожарот е ставен под контрола на 21 јуни.

Министерот за здравство Фахретин Коџа на социјалната мрежа Х објави дека 11 лица починале, а 80 побарале лекарска помош.

Во пожарот настрадаа и стотици фармерски животни.


Министерот за правда Јилмаз Тунч рече дека властите започнале истрага за причината.

Во меѓувреме, во северозападна Турција, пожарникарите работат на гаснење на пожарот во близина на градот Ајваџик во провинцијата Чанаккале, објави државната новинска агенција Анадолу.

Покраината се соочи со неколку пожари во изминатата недела поради високите температури и силниот ветер.

Пожари избувнаа и во Грција поради ветровито, топло и суво време.

Превентивно се евакуирани шест села, а засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Кина се заканува дека ќе им изрече смртни казни на „сепаратистите“ во Тајван

Илустрација
Илустрација

Кина се закани дека ќе воведе смртна казна во екстремни случаи на „сепаратисти“ од независност на Тајван, иако кинеските судови немаат јурисдикција на самоуправниот остров.

Кина, која го гледа Тајван како дел од својата држава, не ја крие својата нетолеранција кон тајванскиот претседател Лаи Чинг-те, кој ја презеде функцијата минатиот месец.

Пекинг вели дека тој е „сепаратист“ и откако беше инаугуриран за претседател, Кина одржува воени вежби на отцепување“, објави кинеската државна новинска агенција Ксинхуа.


Според агенцијата, издадена е и инструкција дека „државниот суверенитет, единството и територијалниот интегритет мора да бидат заштитени.

Овој закон и дава на Кина правна основа да преземе воена акција против Тајван доколку островот се обиде да се отцепи.

Сè уште нема реакција од Владата на Тајван на оваа најава на Кина.

Кина во минатото презеде правни дејствија против тајванските официјални лица, вклучително и воведување санкции за Хсијао Би-ким, поранешен де факто амбасадор на Тајван во САД.

Во моментов е потпретседател на Тајван.

Вреди најави дека балансерот за правична застапеност ќе го замени со закон

Вреди
Вреди

Платформа на патриотизмот како знаење, професионализам и одговорност промовираа денеска лидерите на партиите од Коалицијата „Вреди“.

Ова доаѓа пред собраниската седница за избор на новата влада, па денеска беа пртставени и нивните министри, заменици министри и раководители на институции кои во наредниот четиригодишен период како дел од новата влада ќе ја почитувале нивната платформа.

„Заврши времето на демагогија, денеска се бараат образовани, искусни и храбри луѓе да бидат носители на сложени реформски птроцеси за да ја направиме нашата земја нормална, економски развиена и подготвена за интегрирање за интегрирање во ЕУ. Ќе се фокусираме на работата, почитување на институциите, олдговорност за преземената задача, исполнување на обврските навмремено и успешно, рече лидерот на Демократското движење Изет Меџити, кој во новата влада ќе биде прв министер за животна средина и просторно планирање.

Тој подвлече дека „Вреди“ е победник на парламентарните избори и е новиот политички фактор кој ги претставува Албанците. Вети дека правата на Албанците ќе продолжат да се гарантираат и штитат согласно Уставот и Рамковниот договор. При тоа Меџити најави дека балансерот како механизам за обезбедување правична застапеност ќе биде заменет со закон.

„Балансерот првично даде добри резултати, но во последните години има случаи каде многу често Македонци се запишуваат како Албанци, Албанци како Турци, не беше во функција на правичната засртапеност на заедниците што не се мнозинство во државата или на локално ниво. изјави за медиумите Меџити.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, за в сабота (22 јуни) ја закажа седницата за избор на новата влада предводена од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Почетокот на седницата е предвиден во 11 часот, а расправата во парламентот може да трае најмногу два дена.

Израел ги засилува бомбардирањата низ Газа

Илустрација
Илустрација

Израелските сили го бомбардираа Рафа и другите области низ Појасот Газа и се вклучија во тесна борба со борците од Хамас, палестинска група прогласена за терористичка организација од Соединетите Држави и Европската унија, соопштија израелската војска и жителите.

Жителите рекоа дека израелските сили се чини дека се обидуваат да го завршат заземањето на Рафа, најјужниот град во Газа, кој е во фокусот на израелските напади од почетокот на мај.

Израелските тенкови продолжуваат да напредуваат во северните и западните делови на градот, додека Израел досега успеа да ја преземе контролата врз источниот, централниот и јужниот дел на Рафах.

Неодамнешните израелски напади од копно, воздух и море принудуваат се повеќе жители да го напуштат градот.

Палестинските здравствени власти соопштија дека најмалку 12 лица биле убиени за време на израелските воздушни напади на 21 јуни.

Во меѓувреме, израелската армија соопшти дека нејзините сили спроведуваат „прецизни“ операции во областа Рафах, каде што војниците се вклучени во тесна борба.

Војската соопшти дека лоцирала тунели што ги користеле милитантите на Хамас, додавајќи дека воените операции се спроведуваат и во други делови на Газа.

Како резултат на израелската офанзива, повеќе од 37.000 луѓе беа убиени во Газа, а речиси целото население од 2,3 милиони жители на оваа енклава беше раселено.

Вучиќ бара од Макрон прашањето за Косово да е високо на ЕУ агендата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во телефонски разговор со претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави дека е важно решавањето на косовското прашање да остане високо на агендата на Европската унија.

„Со силен дипломатски ангажман насочен кон конечна реализација на Договорот од Брисел и формирање на Заедницата на српски општини, како основа за градење одржлив мир и гарантирање на безбедноста на српскиот народ“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Вучиќ рече дека со францускиот претседател разговарал за „горливите прашања“ во регионот.

„Нагласив дека застапувањето за дијалог останува основата на политиката на Србија во регионалните односи и најважниот фактор за решавање на тешките прашања со кои се соочуваме сите нас“, додаде Вучиќ дека разговарале и за актуелните политички промени во европските и глобалните рамки нивното можно влијание врз Србија.


Според него, тема била и решавањето на итните прашања во врска со регионалната безбедност и економската стабилност.

Србија и Косово водат дијалог за нормализација на односите под покровителство на Европската унија.

Сепак, има забележително задоцнување во тој процес.

Лидерите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Албин Курти, оваа година првпат ќе се сретнат на 26 јуни во Брисел.

Последен пат се сретнаа на 14 септември минатата година, кога во Брисел и Охрид разговараа за спроведувањето на договорот што го постигнаа претходно во 2023 година.

Таа средба беше неуспешна.

ЕУ официјално ги одобри преговорите за членство на Украина и Молдавија

Претседателите на Украина и Молдавија Володимир Зеленски и Маја Санду
Претседателите на Украина и Молдавија Володимир Зеленски и Маја Санду

Земјите од Европската унија официјално го одобрија започнувањето на преговорите за членство со Украина и Молдавија.

Преговорите ќе бидат отворени на 25 јуни во Луксембург, соопшти белгиското претседателство, додавајќи дека тие ќе започнат преку две меѓувладини конференции.

На 7 јуни, Европската комисија, извршното тело на ЕУ, препорача отворање на пристапните преговори со Украина и Молдавија, оценувајќи дека тие се доволно подготвени за формално отворање на процесот што на крајот ќе доведе до нивно членство Амбасадорите на ЕУ дека и Киев и Кишињев се во целост ги исполнија преостанатите реформски чекори потребни за почеток на официјалните разговори.

„Веруваме дека двете земји ги исполнија сите чекори“, изјави портпаролката на Комисијата за новинарите на 7 јуни.

„Сега одлуката е во рацете на земјите-членки“, додаде таа.

Во случајот со Украина, реформските чекори вклучуваа борба против корупцијата, „деолигархизација“ и заштита на националните малцинства, изјавија официјални лица за Радио Слободна Европа.

Во меѓувреме, Молдавија ги исполни критериумите поврзани со судските реформи, „деолигаризацијата“ и борбата против корупцијата, додадоа тие и Украина и Молдавија поднесоа кандидатури веднаш по почетокот на руската инвазија и добија кандидатски статус во јуни 2022 година, добивајќи условно зелено. светлина за почеток на преговорите.

Повеќето градови во БиХ се без струја, причината е дефект на црногорската енергетска мрежа

Електрична централа
Електрична централа

Лука Петровиќ, директор на „Електропривреда Република Српска“, во петокот на 21 јуни за Радио Слободна Европа изјави дека причината за снемувањето струја во поголемиот дел од Босна и Херцеговина е „дефект на енергетската мрежа на Црна Гора“.

Како што дознава РСЕ, во моментов нема струја во повеќето градови во Босна и Херцеговина, вклучувајќи ги и најголемите градови Сараево, Бањалука и Мостар.

Во меѓувреме, црногорскиот електродистрибутивен систем на својата официјална страница на Фејсбук објави дека има прекин на мрежата на црногорскиот електропреносен систем и дека речиси целата област на Црна Гора е без струја се очекува наскоро, додавајќи дека прекинот на струјата го опфатил „југоисточниот дел од регионот“.

Претходно, Електропривреда Босна и Херцеговина за Радио Слободна Европа (РСЕ) изјави дека не ја знаат причината за прекинот на електричната енергија.

Наведоа и дека имаат информации дека се работи за „регионален проблем“, без да прецизираат за што се работи и најавија дека наскоро ќе ја информираат јавноста за проблемот со прекините на струја.

Во БиХ има три електрични компании - Електропривреда БиХ, Електропривреда Република Српска и Електропривреда „Херцег Босна“.

Путин ја предупреди Јужна Кореја да не ја вооружува Украина

Rускиот претседател Владимир Путин
Rускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин ја предупреди Јужна Кореја дека ќе направи „голема грешка“ доколку ја вооружи Украина во војна против Русија.

Неговите коментари доаѓаат откако Сеул рече дека ја разгледува таквата можност, како одговор на новиот договор меѓу Русија и Северна Кореја за взаемна помош во случај на „агресија“ врз која било земја.

„Москва ќе донесе одлуки кои веројатно нема да му се допаднат на сегашното јужнокорејско раководство доколку Сеул одлучи да го снабдува Киев со оружје“, изјави Путин за новинарите.

Рускиот лидер зборуваше во Виетнам, непосредно по посетата на Пјонгјанг каде потпиша договор за заемна одбрана со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Сеул претходно го осуди договорот како закана за националната безбедност, а советникот за национална безбедност Чанг Хо-Џин рече дека неговата земја планира „да го преиспита прашањето за поддршка на Украина со оружје“.

По изјавите на Путин, од кабинетот на јужнокорејскиот претседател во петокот соопштија дека ќе разгледаат „различни опции“ за снабдување со оружје на Украина и дека нивниот став ќе зависи од тоа како Русија ќе пристапи кон ова прашање.

Властите исто така планираат да го повикаат рускиот амбасадор во Јужна Кореја за да поднесе официјален протест, објави новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори Иако Јужна Кореја обезбеди хуманитарна помош и воена опрема за Украина, таа досега одбиваше да обезбеди смртоносно оружје поради тоа. на официјалната политика на невооружување на земјите во војната. Некои во Украина се надеваа дека зголемувањето на воената соработка меѓу Москва и Пјонгјанг ќе го принуди Сеул да го преиспита својот пристап.

За време на посетата, Ким Џонг Ун вети и „целосна поддршка“ за руската инвазија на Украина. Има се повеќе докази дека Русија веќе користи севернокорејски ракети во Украина.

Рано во петокот, портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, се осврна на договорот Русија-Северна Кореја, велејќи дека тој треба „да ја загрижува секоја земја што се грижи за одржување на мирот и стабилноста“ во регионот. Тој додаде дека договорот не е изненадување, велејќи дека САД со месеци предупредуваат за „растечките одбранбени односи“ меѓу двете земји.

Неколку мртви во руските напади врз Украина, Киев започна контранапади

РУСИЈА - пожар во нафтена рафинерија во селото Илски во Краснодарската територија, 4 мај 2023 год
РУСИЈА - пожар во нафтена рафинерија во селото Илски во Краснодарската територија, 4 мај 2023 год

Најмалку шест лица загинаа на 21 јуни во руски гранатирања и ракетни напади врз Украина, додека Москва тврди дека Киев извршил „масовен“ напад со беспилотни летала врз окупираниот Крим и неколку региони во Русија.

Пет цивили загинаа, а 11 се ранети во руските напади врз цивилни области во Доњецк, кои беа цел на 22 пати во изминатите 24 часа, објави на 21 јуни шефот на регионалната воена администрација, Вадим Фиљашкин.

Тој додаде дека од гранатирање биле оштетени приватни куќи и индустриски погон.

Во јужниот регион Керсон, едно лице загина, а едно е рането во руски гранатирања и воздушни напади, соопшти регионалниот гувернер Александар Прокудин.

Вкупно 15 населени места беа погодени во регионот, вклучувајќи го и центарот на Керсон, рече Прокудин, додавајќи дека во гранатирањето биле уништени неколку приватни куќи.

Североисточниот регион Харков, кој беше под постојан руски оган во изминатите неколку месеци, повторно беше цел на ноќно гранатирање, рече регионалниот гувернер на Русија, Олег Синехубов, претходно соопшти дека нејзините системи за противвоздушна одбрана собориле 114 украински беспилотни летала над окупираните земји. Крим и руските региони Краснодар, Брјанск и Волгоград во, како што беше опишан како „масовен“ напад рано на 21 јуни.

Во нападот едно лице загина, а четворица се ранети, додаваат тие.

Рафинеријата за нафта Илски во краснодарскиот округ Северск беше погодена од урнатини што предизвикаа пожар што го изгаснаа пожарникарите, изјави регионалниот гувернер Вениамин Кондратиев на Телеграма.

Остатоци од дронот паднале и во близина на автобуската станица во Краснодар, при што удриле во котлара и убиле вработен, рече Кондратиев.

Генералштабот на Украина извести дека неговите сили „успешно погодиле“ неколку објекти во Русија и го окупирале Крим во последните две ноќи, вклучително и рафинерии за нафта, радарски станици и магацини за беспилотни летала.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG