Господине Бошков, кој е ставот на Конфедерацијата во однос на барањата на синдикатите и протестите за зголемување на минималната плата?
Ставот останува ист – ние сме за зголемување на минималната плата. Морам да напоменам дека со усогласувањето во март ќе се покачи минималната плата, но, за останатиот дел од покачувањето нашето барање како предлог мерка беше од 600 до 6.000 денари, социјалните придонеси да бидат ослободени, каде што и работодавачите и владата можат да помогнат во насока на зголемување на платите на работниците и зајакнување на животниот стандард.
Како конфедерација, сметаме дека трена да ги застапуваме интересите на сите работодавачи, особено на самостојните вршители на дејност, новите претприемачи, занаетчиите кои имаат потешкотии да обезбедат сигурни приходи да обезбедат сигурни приходи за да можат да одвојат зголемени давачки по однос на плати и придонеси.
Во услови ако не попуштат синдикатите, не попуштите вие, каде ќе се бара решението?
Решението е во законот, затоа и постои законот. Не можам да кажам дека е лек специјалис, меѓутоа навистина ја спасува и ја залечува целава оваа состојба. А со тоа што усогласувањето со бруто домашниот производ, инфлацијата, трошоците за живот, продуктивноста, нивото на плати ќе се пресмета и го чекаме извештајот од Државниот завод за статистика, со кое понатаму ќе се усогласи покачувањето на минималната плата сега во март.
Дали сметате дека улогата на Владата во овој процес треба да биде можеби и подиректна, таа е сега во улога на медијатор меѓу коморите и синдикатите?
Сметаме дека владата веќе една година е активен учесник во поттикнување на дијалогот. Со самото повлекување од разговорите меѓу коморите и работодавачите, владата покажа дека има знаење во насока на социјалниот дијалог и ги остава работодавачите и работниците сами да се договорат. Но, тоа е само едната страна од социјалниот дијалог и од креирањето на политиките.
Се случувало во нашата земја и во други земји дека владата земала учество кога е во прашање стандардот на граѓаните. Затоа ние понудивме решение дека не субвенционирањето, туку ослободувањето од социјалните придонеси може да биде клучот за покачувањето намалени трошоци по основ на социјални придонеси на работодавачите, меѓутоа и зголемена плата по основ на нето плата за работниците. Тука може владата да учествува, меѓутоа веројатно свесна е владата дека постои усогласувањето во март, па затоа и го одложува вмешувањето во оваа активност.
Колку е оправдан аргументот на Владата дека 225 милиони евра преку унгарскиот кредит се доволна поддршка за бизнисот за одбивањето на субвенционирање на придонесите кај зголемениот минималец?
Тие што ги употребија парите од унгарскиот кредит и останати други инвестиции, туе се во поголемиот дел средни и големи корпоративни компании, добро корпоративно организирани, кои воопшто и не се засегнати од покачување на минималната плата, бидејќи во тие сектори минималната плата е надмината со самите исплати на платите. Односно пресметката за плата по работник е многу повисока од минималната плата. Нас секогаш не интересира микро и малите претпријатија, занаетчиите и самостојните вршители на дејности и затоа сме се здружиле да ги претставуваме интересите на сите тие кои имаат потреба да бидат претставени во јавноста, синдикатите.
Сметаме дека оваа категорија на микро компании треба навистина да имаат посебно место во социјалниот дијалог и да бидат претставени на начинот на кој може да ги пренесат своите идеи, мисли, работа, состојби за да бидат сфатени. Она што се случува во моментот околу протестите, барањето за зголемување на синдикална плата, го толкуваме како линеарно зголемвуање на сите плати, кое за нас не е прашање, бидејќи поголем дел од приватниот сектор исплаќаат поголеми плати од минималната плата. За нас од исклучиво прашање е за овие категории кои ги спомнав.
Зошто коморите упорно ја проблематизираат "ниската продуктивност" на македонските работници за да го оправдаат минималецот, имајќи ги во предвид и истражувањата кои покажуваат дека работници се продуктивни исто дури и повеќе од европските, но за третина од нивната плата?
Само ние немаме дадено изјава како Конфедерација на работодавачи во однос на продуктивноста на работниците и поврзувањето на нивото на продуктивност со исплатата на платите или како аргумент плус зошто не треба да се зголеми минималната плата и останатите плати.
Меѓутоа, тоа е доминантен став на бизнисот кога станува збор во однос на зголемување на платите најчеста реченица којашто ќе ја чуете „имаме ниска продуктивност“.
Тоа е нашата трагедија, за жал. И сега можеби нема да бидам допадлив за моите колеги од бизнис заедницата, меѓутоа продуктивноста исклучиво се основа за знаење во компанијата како се мери продуктивноста, исполнителноста, учинокот, нормата и така натаму.
Ние во Македонија, во нашите компании воопшто немаме, со чест на исклучоци на 50-тина компании, кои ја мерат продуктивноста и знаат што значи резултат за продуктивност или рефа стандардот и и така натаму. Ние воопшто немаме воведено одредени стандарди за мерење на продуктивност.
И многу ми е жал, не само во приватниот сектор и во јавниот сектор, работодавачите навистина не знаат како да ја измерат продуктивноста, бидејќи немаат ни инвестирано во алатки, ни во знаење, ни во технологија, апсолутно во ништо. И да им помогнам на работодавачите, бидејќи после ова веројатно и воопшто нема да им се допаѓа што го кажав за вашиот медиум.
Го основавме порталот globalenpazar.mk каде што има посебни точки каде што можат да најдат начин како да ја мерат продуктивноста и да сфатат за ова јас што говорам, меѓутоа и да го имплементираат во нивното работење. Одговорно тврдам, многу мал број на компании знаат што е продуктивност.
Одговорно тврдам дека се користи како флоскула продуктивноста, како изговор за незголемување на минималната плата и одговорно тврдам и го поднесувам целиот ризик - дека работодавачите не знаат, ама мора да научат што значи продуктивност и мерење на продуктивноста.
Колку увозот на странски работници може да го реши овој проблем?
Може само да замени дел од услужните дејности, бидејќи тие странски работници воопшто не се вработуваат во високотехнолошки процеси и тоа е само спорадично од време на време во одредени дејности.
Во однос на мерката која неодамна започна да се имплементира, враќањето на пензионерите, активирањето на студентите на пазарот на труд, дали тоа претставува реална потреба на бизнисот?
Реална потреба на граѓаните и на работниците дефакто е поважниот одговор, поважната состојба.
Дали би ги задоволило потребите на бизнисот?
Ќе ги задоволи дефинитивно, бидејќи има одредени компании кои не можат да најдат соодветен кадар за процеси кои се случувале како тековно работење во компаниите. Има одредени компании кои имаат технолошки процес со години наназад. За жал, немаат инвестирано во нови процеси.
Тие луѓе кои си одат во пензија, имаат потреба и да заработуваат дополнителни средства, меѓутоа не е фокусот тоа. Компаниите имаат потреба да ги задржат тие луѓе затоа што не можат да најдат нови работници во тие застарени технолошки процеси и затоа одговорот го гледаме во надминување на таа состојба со искусните работници, ќе ги наречам, не пензионерите.
Оние кои навистина имаат знаење. Што се однесува до студентите, еден начин на премостување на недостатокот на работен ангажман, легален работен ангажман во фаза на студирање. И тоа е поволно затоа што студентите ќе можат да бидат пријавени да работат, да не го изгубат статусот на студенти, а секако да можат да приходуваат.
Кога сме кај студентите и помладата популација, неодамна беше презентирано едно истражување во јавноста во кое се вели дека дури и со влезот на Македонија во Европската Унија, 60% од младите би ја напуштиле државата. Колку тоа е и ќе биде во иднина?
Самата најава, самото чувство дека 60% од младите, а со нив ги влечат и семејствата и нивните мисли и задоволства и разговори и идеи што ќе прават понатаму е опасна за нас. И во неколку случаи, јас и во насока на економијата дефакто сум кажал дека подобро да не влеземе во Европска Унија отколку да влеземе, меѓутоа ова навистина како на шега го кажувам ова од познавањето на состојбите во каква опасност ни е македонската економија.
Меѓутоа, граѓаните пред се – човековите права и слободата на движење, говор, изразување се најважни и ние тоа треба да го практикуваме. Со тоа значи дека нивната одлука, ако сакаат да ја напуштат земјата при нашиот влез во Европска Унија, тоа е нивна одлука и тоа е за нивно добро. Ќе ја презентираат Македонија таму каде што ќе живеат.
Но, за нас е состојба на реалната слика за нашиот квалитетен или неквалитетен начин на живеење во земјата. Кога се пренесува тоа во однос на трудовата легислатива или во пазарот на трудот, тогаш ние се соочуваме со факт дека оваа квота што се покачи на 10.000 работници ќе треба да ја покачиме.
Дури и да бидеме подготвени странски работници од Европска Унија да превземат одредени функции тука, да го отвориме пазарот на трудот и на некој начин, она што го говоревме досега – продуктивноста, флуктуацијата на работници, мобилноста на работници, вложувањето во нови технологии – ќе мора да биде фокус на целото општество, особено на економијата.
Господине Бошков, како Конфедерација која претставува голем број на работодавачи, според вас кои се главните проблеми за бизнисот во Северна Македонија?
Па има неколку проблеми кои се клучни. Сакав да почнам веднаш со корупцијата, меѓутоа прво она што е важно е регулаторните правила кои отежнуваат лесно водење на бизнис. Така ќе ги наречам.
Порано, со години наназад, имавме регулаторна гилотина која донекаде имаше успешен почеток, меѓутоа кај нас оптоварувањето за водење на бизнис со парафискални процедури, со парафискални даноци, давачки со одредени извозни, увозни, производствени, тековни процедури во било која сфера – животна средина, енергетика, транспорт и таму – го отежнуваат начинот на водење на бизнис. И за нас деловното опкружување е точката број еден за проблем во економијата.
Втората точка е корупцијата, поврзано со ова претходно, процедури кои директно ја насочуваат економијата, да не спомнам дали е еден, двајца, тројца работодавачи кои имаат одредена потреба од процедура која секогаш е условена со одреден „зошто, затоа и таму“. Односно, зборувам за корупцијата која знаеме како се одвива.
И понатаму, како една од првите три точки, е нашата инфраструктурна подготвеност. Ние, додека не бидеме инфраструктурно подготвени, не можеме да ја зголемиме конкурентноста на економијата.
Актуелни се протестите на синдикатите, беа актуелни и блокадите на транспортерите. Се блокирапе неколку дена, ЕУ излезе со ветување дека проблемот ќе се реши, но, се уште немаме никакво конечно решение. Актуелно е дека се уште возачи се депортираат во земјава. Кога може да се очекува финално решение?
Ќе бидам незгоден меѓутоа веројатно треба да и честитаме на Билјана Муратовска и на останатите нејзини колеги од транспортниот сектор и да ги потсетиме дека – на вашето прашање кога, веројатно ќе треба следната недела повторно да излезат на протести за да може да ги потсетат креаторите на политики во ЕУ дека проблемот не е решен.
Без оглед на ветувањата и спорите бирократски процедури во Европската комисија и Европската унија, многу е незгодно кога во ова ниво на развој на демократијата, повторно некој од нашите граѓани ќе се чувствува дискиминиран во однос на ист таков граѓанин со истата професиоја од друга земја. А се стремиме кон еднаквост. Пораката која ја испраќа ЕУ со спороста на безбедносните политки во однос на граничното минување во овој момент не и оди во прилог на ЕУ на еднаквоста, различноста и односот. Особено не во насока на глобалниот пазар, конкурентност и економија.