„Одговорно тврдам дека непродуктивноста се користи како флоскула за незголемување на минималната плата - дека работодавачите не знаат, ама мора да научат што значи продуктивност“, вели во интервју за РСЕ Миле Бошков од Конфедерацијата на работодавачи.
Превозни трговски друштва од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора денеска координирано ќе ги блокираат товарните гранични премини кон европската Шенген зона. Ваквата одлука е предизвикана од новиот Систем за контрола на нивен влез и излез во Унијата.
Парите од ИПАРД сѐ уште се стопирани поради истрагата за поткуп. Роковите за исплата на компаниите се ближат, а институциите не прецизираат кога ќе се одблокираат парите. Истрагата во ОЈО е во тек, а проверките на апликациите сѐ уште се спроведуваат заедно со Европската комисија.
Властите тврдат дека зголемувањето на наталитетот е приоритет, но актуелните политики не овозможуваат национална проценка на трошоците за одгледување дете, кои според невладиниот сектор се движат од 150 до 200.000 денари годишно.
Сезонски работници ќе можат да се ангажираат во угостителство, земјоделство и услужни дејности, а најголем интерес се очекува кај студенти и кај пензионери
Увозникот на бразилско пилешко месо не е казнет затоа што е спречено таа храна да се продава на македоскиот пазар, велат од АХВ. Но, оттаму не ѝ го соопштуваат името на фирма која не ги почитувала македонските забрани за увоз на ова месо поради ризик од птичји грип.
Северна Македонија се надева дека ќе го искористи економскиот потенцијал на својата голема дијаспора со нова стратегија насочена кон привлекување на иселеници да се вратат и да инвестираат.
Рударската, текстилната, автомобилската и тешката индустрија се исправени пред нов бран на отпуштања на работници. Според досегашните објавени податоци годинава над илјада луѓе ги загубија работните места. Статистиката покажува сериозен пад на рударската и металната индустрија.
Македонските железници работат на пруги стари повеќе од половина век, со прагови поставени уште во шеесеттите години, возови што се движат со 10 км/ч и драматичниот пад на бројот на вработени, вели директорот на МЖ - Транспорт, Синиша Ивановски во интрвју за РСЕ.
Во буџетот на 2026 година за капитални инвестиции се предвидени речиси 10 отсто од парите. На хартија со години властите ветуваат развој на земјата со капитални инвестиции, но во пракса ретко кога годината ја завршуваат со максимум реализација од она што е планирано во државниот буџет.
Вчитај повеќе