Достапни линкови

Сведок за руско воено злосторство во Украина


Илустрација
Илустрација

Руски командант избодел до смрт постара Украинка за време на хаотичното повлекување од Изум во септември, вели војник од неговата единица. Доказите за наводното воено злосторство првпат се појавија од телефонско пресретнување на украинското разузнавање... Автори: Валерија Јехошина и Кира Толстјакова

Истрага на Радио Слободна Европа откри докази за наводно руско воено злосторство. Тоа е само еден пример меѓу илјадниците откако Русија ја започна инвазијата во февруари. Но, деталите фрлаат светло врз условите и однесувањето во руската армија во Украина.

Случајот се отвори со овој телефонски разговор меѓу двајца руски војници.
Разговорот беше пресретнат од украинските разузнавачи и доставен на Шеми, истражувачкиот проект на украинскиот сервис на РСЕ. Еден војник го опишува хаотичното повлекување на руските сили од Изум, во источна Украина, во септември.

„Бевме во оклопен транспортер. Искршивме два цивилни автомобили со Украинци во нив. Целата опрема на сигналистот беше изгорена. Немавме комуникација со бригадата. Никаква врска со пешадијата. Очигледно, еден баталјон излегол. Не можат да го најдат другиот баталјон“, се слуша во телефонскиот разговор.

Руски војник: Командант избоде Украинка до смрт
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:40 0:00

Како командантот го спасувал командантот?

Користејќи го телефонскиот број од повикот, тимот на Шеми успеа човекот што зборува да го идентификува како Олег Гасилин, од 27-та одделна гардиска моторна вооружена бригада. Во друг момент, Гасилин опишува што му било кажано дека се случило кога командантот на баталјон бил испратен да го евакуира командантот на бригадата.

„Наводно, бил пијан. Беше вечерта на 25-ти. Командантот на баталјонот од 96-та дојде со група да го евакуира. Тие тргнале надвор и на патот им се испречиле постар маж и жена. Командантот на баталјонот од 96-та го застрела човекот, а овој, нашето лошо момче - началникот - ја избоде жената до смрт со нож“, вели рускиот војник Олег Гаслин.

Илустрација - Урнатини во Исум
Илустрација - Урнатини во Исум

Кој е „лошиот човек“?

Подоцна Гасилин додаде дека „лошиот човек“ е командант на бригадата.
Отворените извори покажуваат дека се работи за полковник Сергеј Сафонов, иако Гасилин не го именуваше.

Сафонов бил висок руски офицер, награден со медал за неговата служба во Сирија. Кога новинарот на Шеми дојде до Сафонов, тој не одговори на повиците.
Но, Гасилин, сега вратен во Русија, одговори.

Георги Шабаев, РСЕ:
Те молам, кажи ми која е причината за тоа што се случи? Дали знаеш?

Гасилин:
Немам идеја. Ако сакаш да разговараме, дојди овде и ќе разговараме.

Шабаев, РСЕ:
Дали е Сафонов со тебе, со единицата?

Гасилин:
Не сум го видел.

За да се обиде да добие повеќе информации, Шеми побара од украински активист да му телефонира на Гасилин. Активистот побара да остане анонимен.

Активист:
Сите знаеја за тоа, нели?

Гасилин:
Да.

Активист:
Добро, но што точно знаеја сите?

Гасилин:
Двајца команданти при повлекувањето ги извршиле овие дејствија.

Активист:
Што мислите за тоа? Можеше ли Сергеј Иговиерих [Сафонов] да постапи поинаку? Дали можеше да избере да не ја убие?

Гасилин:
Искрено, што се однесува до жената, мислам... Секако [можеше].

Гасилин не е очевидец на наводното убиство.
Тој го повторува она што го кажале другите војници во неговата единица.
Но, во тек е истрага од страна на руските власти за инцидентот.

XS
SM
MD
LG