Достапни линкови

Столтенберг и Хоти разговараа за регионалната безбедност


Брисел- генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и косовскиот премиер Авдулах Хоти, 08.09.2020

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на денешната средба со косовскиот премиер Авдулах Хоти во седиштето на алијансата во Брисел ја поздравил последната рунда преговори меѓу Белград и Приштина кои се водат под покровителство на ЕУ. Како што соопшти НАТО Столтенберг нагласил дека дијалогот е единствениот начин да се постигне трајно политичко решение на Западен Балкан.

Двајцата разговарале и за договорот постигнат во Вашингтон минатата недела за нормализирање на економските односи меѓу Белград и Приштина.

„Столтенберг истакна дека НАТО е цврсто посветен на стабилноста на Западен Балкан, што се покажува и со распоредувањето на преку 3.500-члените мировни сили на КФОР во Косово. Тој додаде дека мандатот на КФОР останува непроменет: да ја одржува безбедноста и слободата на движење за сите луѓе во Косово во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации 1244“, се наведува во соопштението на НАТО.

Инаку, од 12 јуни 1999 година, меѓународната мировна мисија на НАТО, КФОР, престојува во Косово за да обезбеди безбедност во сите делови на земјата.

XS
SM
MD
LG