Достапни линкови

Една жртва во експлозија во станбена зграда во Ерменија


Спасувач со куче во потрага по преживеани под урнатините во станбената зграда во Ереван.

Во Експлозијата во станбена зграда во Ереван загина најмалку едно лице, а хоспитализирани се две други. Ерменските власти соопштија дека најверојатно причината за експлозијата е истекувањето на природен гас. Во несреќата предизвикана е и голема штета на 12 станови во четирикатна зграда.

Министерот за вонредни ситуации Феликс Цолакијан изјави дека телото на 58-годишен маж, е извадено од урнатините. Десетици спасувачи успеале да извлечат и двајца преживеани од урнатините. Еден од преживеаните е во критична состојба.

Спасувачките екипи, по експлозијата, успеале безбедно да евакуираат и 19 други лица од зградата. Ерменскиот премиер Никол Пашинијан го посети местото на експлозијата.

XS
SM
MD
LG