Достапни линкови

Европа ги олеснува мерките и покрај предупредувањата


Илустрација - медицински персонал во Њујорк и пациент заразен од коронавирус.

Повеќе европски земји продолжуваат со укинување на ограничувањата во услови на пад на нови случаи на инфицирани од коронавирусот, но врвни експерти за заразни болести од САД предупредуваат дека епидемијата е далеку од завршена, наведувајќи дека пандемијата е една од најлошите во историјата.

Австрија беше последна земја која на 10 јуни продложи со олеснувања на ограничувањата, објавувајќи дека од 16 јуни ги укинува граничните контроли со Италија и дека ги прекинува барањата за карантин за пристигнување во земјата со 30 други европски земји, додека Хрватска и Унгарија соопштија дека од 12 јуни ги укинуваат ограничувањата за прекугранично патување.

Но, епидемиологот Ентони Фаучи, кој беше член на тимот на Белата куќа за справување со пандемијата на коронавирусот, на 9 јуни предупреди против брзото отворање за патувањата. Тој рече дека вирусот е екстремно заразен и оти екстензивното патување на заразени лица придонело за неговото „молскавично ширење.“

Коронавирусот има таква преносливост и смртност „што се покажа дека е мојот најлош кошмар“, рече тој. Фаучи зборуваше додека бројот на инфицирани во САД достигна два милиони и 112.000 смртни случаи, што далеку најтешко погодена земја.

Бројот на заразени во САД е скоро една четвртина од вкупниот број на регистрирани инфекции во светот, кој достигна повеќе од 7,25 милиони и скоро 412.000 смртни случаи , според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс.

XS
SM
MD
LG