Достапни линкови

Грција може да се отвори за туристи од јули


Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис

Најдоброто сценарио е Грција од први јули да се отвори за туристи, вели грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за „Си-ен-ен“. Тој вели дека работат во таа насока, се подготвуваат, но дека тоа е поврзано и со авионските компании, бидејќи повеќето луѓе доаѓаат авионски во Грција, но поврзано е и со строги и применливи протоколи.

Туризам во карантин: Ќе има ли летна сезона 2020 година

Мицотакис вели дека Грција ќе може да прими туристи, само ако постои договор за конкретни протоколи, за кои изразува надеж дека ќе бидат на европско ниво, односно под претпоставката дека туристите ќе направат молекуларен тест или тест за антитела пред полетувањето.

XS
SM
MD
LG