Достапни линкови

Чешка нареди задолжително покривање на лицето за тие што се надвор


Чешката влада воведе дополнителни мерки за забавување на ширењето на коронавирусот, со тоа што нареди сите луѓе што излегуваат надвор задолжително да го покриваат лицето.

Портпаролката на Министерството за внатрешни работи Клара Длубалова денеска рече дека мерката стапува од сила на полноќ.

Министерот за надворешни работи Томас Петричек за Чешкото радио изјави дека покривањето на устата и носот со заштитни маски, шалови или други заштитни материјали ќе биде задолжително за сите луѓе на јавни места низ целата земја.

Новиот сет мерки предвидува дека само граѓаните постари од 65 години од утре ќе може да купуваат храна и намирници во продавниците од 10 до 12 часот на пладне.

Градските власти во Прага донесоа одлука мерката за задолжително покривање на лицето во јавност да почне да важи од денеска.

До денеска во Чешка има потврдено 464 случаи на коронавирус, а засега нема починати.

Епидемијата почна во декември во Кина, а ширум светот досега има 207 илјади заразени и над 8.200 починати.

XS
SM
MD
LG