Достапни линкови

Чешка во карантин во наредните осум дена


Прага

Чешката влада од денеска до 24 март ја стави во карантин целата земја и забрани движење на граѓаните освен за работа, купување основни намирници, посети на лекар и ветеринар, како и помош на родители или немоќни лица.

Премиерот Андреј Бабиш по вонредната седница на владата рече дека им е порачано на фирмите на вработените да им овозможат работа од дома.

Во Чешка досега има регистрирано околу 300 случаи на заразени со коронавирус.

XS
SM
MD
LG