Достапни линкови

Вонредна состојба во Шпанија поради коронавирусот


Празен плоштад во Мадрид поради епидемијата од коронавирус

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, денеска објави двонеделна вонредна состојба во земјата за да се спречи ширењето на новиот коронавирус. Санчез изјави дека вонредната состојба ќе ѝ овозможи на Владата да ги мобилизира сите ресурси, вклучително и војската за да се спречи пораст на новозаболени. Тој имаше телевизиско обраќање до нацијата.

Министерството за здравство на Шпанија објави дека од коронавирусот се заразени 4209 луѓе, од кои половината се во Мадрид. Тоа е за 33 отсто повеќе во споредба со претходниот ден.

Досега во Шпанија од вирусот починаа 120 луѓе, а 189 се опоравиле од заболувањето.

Шпанскиот премиер предупреди дека бројот на заболени во земјата следната недела може да се зголеми на повеќе од 10 илјади случаи.

Воведувањето на вонредната состојба ќе ѝ овозможи на Владата да ја ограничи слободата на движење, легално да конфискува стока и да преземе контрола на индустриските и приватните објекти, вклучително и на приватни болници, рече Санчез.

Весникот Ел Паис пишува дека може и да се одложат изборите кои треба да се одржат во два шпански региони, закажани за 5 април.

Шпанија е меѓу европските земји во кои постои голем ризик да доживее колапс на здравствениот систем како што е во Италија.

Во Италија заразата е потврдена кај 15.113 луѓе, од кои 1016 починаа.

XS
SM
MD
LG