Достапни линкови

Временска прогноза - Врнежливо, попладне со пообилни врнежи


Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои во попладневните и вечерните часови на места ќе бидат пообилни и поројни. До утре претпладне се очекува локално да наврнат и над 25 литри на метар квадратен, а најобилни врнежи се очекуваат во западните и северните делови. Локално ќе има појава на нестабилна облачност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и повремено силен ветер (над 80 км/час).

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд, кои доцна попладне и во вечерните часови ќе бидат пообилни и поројни. Ќе дува умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 11 степени.

XS
SM
MD
LG