Достапни линкови

Белоруски екс полицаец учествувал во убиства на опозиционери


Алeксандaр Лукашенко

Поранешен офицер на белоруската полиција изјави дека учествувал во убиства на активисти на опозицијата и оти сега бара политички азил во неименувана европска земја. Коментарите на Јуриј Хаварски, дадени во интервју за „Дојче веле“, им додадоа масло на долгогодишните обвинувања дека безбедносните сили што ги надгледува претседателот Алeксандaр Лукашенко биле вмешани во исчезнувањето на лидерот на опозицијата Викар Ханчар, на бизнисменот Анатол Красуски и на уште двајца мажи во 1999 и 2000 година. Хаварски изјави дека учествувал во киднапирање на поранешниот министер за внатрешни работи Јури Захаранка во белоруската престолнина, Минск.

XS
SM
MD
LG