Достапни линкови

Адеми: Заедно со наставниците ќе одлучуваме за зголемување на платите


Министерот Арбер Адеми

Во претстојниот период на конструктивен и рационален начин ќе се разгледуваат сите параметри и податоци и заеднички ќе одлучуваат за идното зголемување на платите на просветните работници, изјави денеска министерот за образование и наука Арбер Адеми.

„Имајќи го предвид моето искуство и моите релации како министер за образование и наука со моите партнери, како што е СОНК мислам дека на конструктивен начин ќе продолжиме во периодот што ни претстои. Ќе ги разгледаме сите параметри на конструктивен, рационален начин, ќе ги согледуваме сите податоци и заеднички ќе одлучуваме за итното зголемување на платите во дејноста образование. Но, секако тоа треба да се разгледа и од страна на Владата“, изјави денеска Адеми во ОУ „Аврам Писевски“ во Бардовци, каде присуствуваше на првиот училишен час.

Во Владата, како што потенцира, има волја за зголемување на платите, тоа лично од премиерот беше пренесено и до претставниците на СОНК. Министерот Адеми најави дека и понатаму ќе продолжат со, како што рече, нашиот конструктивен и солиден дијалог што го имаме со СОНК и со наставничката фела и со сите вработени во образованието за да им се подобри материјалниот статус на вработените.

XS
SM
MD
LG