Достапни линкови

САД ја предупредија Грција да не му дава помош на иранскиот танкер


иранскиот танкер Адријан Дарија 1, порано познат како Грејс 1

Соединетите држави издадоа предупредување до Грција, како и до сите пристаништа во Средоземното море да не му даваат помош на ирански танкер за кој Вашингтон се сомнева дека превезува нафта за Сирија и има врски со санкционирана организација, објави Ројтерс, повикувајќи се на извори на Стејт департментот. Секоја помош ќе се толкува како обезбедување материјална поддршка на иранската Исламска револуционерна гарда која Вашингтон ја смета за терористичка организација. Предупредувањето се однесува на Адријан Дарија 1, порано познат како Грејс 1, супертaнкер што го напушти Гибралтар на 19 август, откако 45 дена мина прикотвен поради британските сомневања дека ги крши санкциите на Европската унија за Сирија. Гибралтар на 18 август го отфрли американското барање за запленување на танкерот, оставајќи го да исплови со сурова нафта вредна 130 милиони американски долари.

XS
SM
MD
LG