Достапни линкови

Шест жртви, еден исчезнат и 23 повредени во невремето во Халкидики


Оштетен автомобил по невремето во Халкидики

Портпаролот на грчката влада, Стелиос Пецас на денешниот вонреден брифинг со новинарите изјави дека освен шестмината загинати и едно исчезнато лице во морето по невремето на Халкидики, хоспитализирани се 23 повредени лица, од кои една 72-годишна жена се наоѓа во критична состојба.

Според него, повеќето од повредените се туристи, но не може да каже од која националност се додека не бидат извесетени амбасадите на нивните земји. Тој објасни дека од Министерството за надворешни работи ги известуваат амбасадите на земјите од каде што се жртвите и повредените. Пецас информираше и дека двајца државјани на Русија, двајца од Чешка и двајца од Романија ги загубиле животите.

XS
SM
MD
LG