Достапни линкови

Пендаровски и Штајнмајер на средба за аспирациите за членство во НАТО и ЕУ


Средба на претседателот Стево Пендаровски со претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмајер во Берлин

Претседателот Стево Пендаровски на средбата со неговиот германски колега, Франк-Валтер Штајнмајер во Берлин разменил мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, состојбите во регионот, како и за аспирациите на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија и во НАТО.

Штајнмајер, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, ја потврдил цврстата поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија и во НАТО.

Пендаровски се заблагодарил за постојаната поддршка и изразил очекување дека Северна Македонија наскоро ќе ги отпочне пристапните преговори за членство во Европската унија, и дека во најскоро време ќе биде завршена ратификацијата на Протоколот за пристапување од страна на земјите членки на НАТО. Пендаровски притоа изразил задоволство за ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО од страна на германскиот Бундестаг.

XS
SM
MD
LG