Достапни линкови

Меј: Нема одложување на Брегзит


Британската премиерка, Тереза Меј изјави дека нејзината влада не го сменила ставот и не сака да го одложи датумот за Брегзит, односно 29 март, кога Велика Британија би требала да ја напушти Унијата.

„Позицијата на владата е многу јасна уште со покренувањето на членот 50. Ние имаме временски рок од две години кој завршува на 29 март и работиме на тоа“, изјави Меј, а пренесува „Ројтерс“.

Шефот на британскиот преговарачки тим за Брегзит, Оли Робинс изјави претходно денеска дека британските пратеници ќе се соочат со изборот помеѓу договорот кој го договори Меј или со продолжување на периодот за спроведување на членот 50.

XS
SM
MD
LG