Достапни линкови

Времето денеска променливо облачно


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, на повеќе места значително облачно, особено на југот. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец. Утринската температура се движи од минус еден до шест, а дневната ќе биде од 11 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец. Утринската температура се спушти до еден, а дневната ќе достигне до 15 степени.

До недела времето ќе биде стабилно и суво. За време на викендот времето ќе биде претежно сончево и значително потопло. Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локален дожд и појава на грмежи.

XS
SM
MD
LG