Достапни линкови

Дождот предизвика проблеми во објекти од културата


Прокиснал кровот во објектот на Македонски народен театар (МНТ).

Врнежливото време им предизвика проблеми на дел од институциите од културата. Протекува покривот на МНТ, во Центарот за култура во Штип се откинал дел од лимениот покрив, има проблеми во Археолошкиот музеј, и тоа на надворешните споеви на зградата, протекува вода во гаражите и тоа врз електричната инсталација. Ова беше заклучено на денешната прес-конференција на министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Новите градби од пред четири години на Македонскиот народен театар и Археолошкиот музеј ги покажуваат истите проблеми заедно со објектите изградени пред 60 години, вели министерот.

Министерот Алаѓозовски упати апел до компаниите да помогнат со донации или да интервенираат во институциите.

XS
SM
MD
LG