Достапни линкови

Одложено рочиштето за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски


Архивска фотографија. Горан Грујевски пред Основен суд Скопје 1 по судењето за Тврдина 2.

За 13 декември е одложено рочиштето на Основниот суд во Солун на кое треба да се добие одговор на барањето на Министерството за правда на Република Македонија за екстрадицијата на бегалците Горан Грујевски и Никола Бошкоски, двајцата обвинети во предметот на СЈО- „Тврдина 2“

Денешната расправа беше одложена поради отсутност на адвокатка од тричлениот адвокатски тим на Грујевски и Бошкоски, од една страна, и некомплетираниот превод на документацијата испратена од македонското Министерство за правда, од друга страна.

Грујевски и Бошкоски остануваат во притвор во затвор во непосредна близина на Солун.

Двајцата притворени поранешни фунцкионери во УБК, во петок треба повторно да излезат пред судот во Солун, каде ќе се оддржи третото продолжение на рочиштето за фалсификуваните патни исправи со кои беа фатени на 18 октомври на аеродромот во Солун.

XS
SM
MD
LG