Достапни линкови

ОЈО-Скопје го истражува двојното убиство во Кисела Вода


илустрација

Основното јавно обвинителство-Скопје заедно со увидна екипа од крим-техника изврши увид на местото на убиството на двете лица што вчера попладне се случи во менувачница во Кисела Вода. Надлежниот јавен обвинител издал наредба за обдукција на починатите и за вештачење на прибраниот доказен материјал. „Обезбедени се траги од лице место, како и видео надзорот од менувачницата. Идентитетот на едно од починатите лица е утврден. Во моментов се преземат дејствија за идентификација на второто починато лице“. информира Обвинителството. Двојното убиство се случи кога две вооружени лица се обиделе да ограбат менувачница, но биле лишени од живот од сопственикот на менувачницата. Нему му е укажана медицинска помош поради здобиени телесни повреди во инцидентот.

XS
SM
MD
LG