Достапни линкови

Бомби фрлени врз куќите на Срби вработени во косовската полиција


Косово мапа

Непознати лица денеска изутрината фрлиле бомби врз куќите на двајца етнички Срби припадници на Косовските безбедносни сили во Зубин Поток при што била предизвикана материјална штета.

Косовската полиција информира дека спроведува оперативен план наречен „челичен прстен“ чија цел е да ги најдат осомничените за нападот.

Во август во истата општина беше фрлена бомба врз куќата на припадник на косовската полиција, а имаше и обид за палење на неговиот автомобил.

XS
SM
MD
LG