Достапни линкови

Чешка: Рускиот хакер ќе биде екстрадиран во САД


Tаблет на кој се прикажува архива на Youtube снимка на која се наоѓа Евгениј Никулин

Чешкиот суд одлучи дека осомничениот руски хакер може да биде екстрадиран во САД Д. Високиот суд во Прага денеска ја потврди одлуката на понискиот суд со која се дозволува екстрадиција на Евгениј Никулин, кого САД го обвинуваат за хакирање компјутери и крадење информации од големите интернет компании, вклучувајќи гo и Линкедин. Москва, која постојано ги осудува напорите на САД за екстрадиција на нејзини граѓани од трети земји, исто така побара екстрадиција на Никулин поради сајбер измама. Конечната одлука ќе биде во рацете на чешкиот министер за правда, кој може да одобри екстрадиција во една земја и да ја блокира другата . Никулин беше уапсен од чешките власти во октомври 2016 година врз основа на потерница од Интерпол побарана од владата на САД. Последната одлука за неговата екстрадиција доаѓа во време на тековните истраги на САД во врска со наводната руска кампања за влијание врз минатогодишните претседателски избори

XS
SM
MD
LG