Достапни линкови

РТС: Во Гњилане и Пеќ запалени македонски знамиња


Во знак на протест поради одлуката на скопскиот Кривичен суд за казните на членови на т.н. „Кумановска група“, синоќа во косовските градови Гњилане и Пеќ јавно беа запалени знамиња на Македонија, јави српската државна телевизија РТС. Според телевизијата, знамињата биле запалени на протестите во двата града поради судските пресуди, на кои биле упатени повици до „Албанците да ги бранат своите права, борејќи се против направдата нанесена од Славомакедонците“. Кривичниот суд во Скопје им изрече седум доживотни казни затвор, 13 казни по 40 години затвор, шест по 20 години, една од 18 години, две од 14, две од 13, две по 12 години затвор и четири ослободителни пресуди на обвинетите за настаните во кумановската Дива населба во мај 2015 година, во кои загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни сили.

XS
SM
MD
LG