Достапни линкови

Турција не сака Грција да стане „безбеден рај“ за пучистите


Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу со неговиот грчки колега Никос Коѕиас

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска ја предупреди Атина дека неговата земја не сака Грција да стане „безбеден рај“ за заговорниците од минатогодишниот неуспешен воен удар во Турција, нагласувајќи дека 995 луѓе од тогаш побарале азил во Грција.

Зборувајќи на заедничка прес-конференција со неговиот грчки колега Никос Коѕиас во Анкара, Чавушоглу рече дека барателите на азил треба да се проверат за да се утврди кои од нив се поврзано со мрежата на свештеникот Фетула Ѓулен, кој живее во САД, а кого турските власти го обвинуваат дека е организатор на воениот удар. Коѕиас рече дека одлуките за азил ги носи грчкото правосудство и тие треба да се почитуваат.

XS
SM
MD
LG